Игор Михајловски
Игор Михајловски (24 декември 1973 во Куманово) — македонски поранешен кошаркар, репрезентативец и тренер. Тој бил тренер на Работнички. ЖивотописИграчка историјаМладинска кариераСо кошарка Игор Михајловски почнал да се занимава од својата дванаеста година, започнувајќи ја својата кошаркарска кариера во матичниот клуб Куманово.[1] Професионална кариераИгор Михајловски својата професионална кариера ја започнал во КК Куманово во 1988 година. Во 1990 година се приклучил во редовите на белградски Партизан под тренерска палка на Душан Вујошевиќ , а подоцна и на проф. Александар Николиќ и Жељко Обрадовиќ со кој ги освоил државниот куп, првенството на Југославија како и европската шампионска титула во 1992 година.[1] Сезоната 1992/93, Михајловски бил даден на позајмица во Борац од Чачак. Следната сезона се преселил во МЗТ Аеродром.[1] Со МЗТ со освоил Купот на Македонија 1996 и 1997. За сезоната 1997/98 година, Игор потпишал за Годел Работнички,[1] притоа освојувајќи ја двојната круна. Следната сезона, Михајловски со Работнички ја одбранил титулата во Првенството. За сезоната 1999/00, тој се преселил во словенечка Рогла Атрас од Зрече.[1] Сезоната 2000/01 играл за португалски Порто.[1] За сезоната 2001/02, Игор се вратил во матичниот КК Куманово, со кој станал вицепрвак во домашното првенство. Во 2003 играл повторно во Португалија, овојпат во Лузитанија.[1] Репрезентативна кариераМихајловски бил член на кошаркарска репрезентација на Македонија, кога на 30 мај 1993 година го одиграл првиот натпревар, со над 40 официјални натпревари.[2] како и учесник на Европското Кошаркарско Првенство 1999 кое се одиграло во Франција на која за првпат македонската репрезентација зазела учество на еден голем спортски настан.[1] Тренерска кариераМихајловски е носител на тренерска ПРО-А и ФИБА лиценца за професионални кошаркарски тренери.[1] Игор Михајловски бил селектор на македонската репрезентација за играчи до 16 години и ја водел кошаркарската школа на КК Куманово. Тој бил тренер на КК Михајловски, а во август 2014 година станал тренер на КК Куманово.[3] По поразот на домашен терен од КК Тиват во БИБЛ натпреварувањето, на 22 јануари поднесол отставка.[4][5] По оставката, останал да е само тренер на КК Михајловски.[6] За сезоната 2016/17, Игор му станал помошник тренер на Врбица Стефанов во гевгелиски Кожув.[7] Во ноември 2016 година, поради лошите резултати Стефанов поднел оставка од тренерското место. На местото главен тренер дошол Михајловски.[8][9] Во јули 2017 година, тој повторно станал тренер на Куманово 2009.[10] На крајот на октомври 2017, Михајловски си поднел оставка како тренер на Куманово.[11][12] На почетокот на 2019 година, Михајловски станал помошник-тренер на Работнички.[13] Со Работнички, Михајловски го освоил Купот на Македонија 2019. УспесиИграчки титули
Тренерски титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia