Изабел Аљенде
Изабел Анџелика Аљенде Љона (шпански изговор: [isaˈβel aˈʝende]; роден во Лима, Перу, 2 август 1942 година) е чилеанскa писателka. Таа е во роднинска врска со Салвадор Аљенде (внука) и со политичарката Изабел Аљенде. Една од најпознатите писателки од Латинска Америка и добитник на Чилеанската национална награда за литература (2010)[1]. Книгите на Изабел Аљенде се објавени во над 35 милиони примероци на 27 јазици[2]. БиографијаТаткото на Изабел, Томас Аљенде, бил дипломат, братучед на Салвадор Аљенде кој бил претседател на Чиле во 1970 до 1973 година, кога бил убиен за време на воениот пуч изведен од Аугусто Пиноче. Изабел признава дека иако ретко го гледала својот вујко, само за време на викендите, многу го почитува. Дури по неговата смрт таа сфатила каква легендарна и херојска личност е Салвадор Аљенде. Мајката на Изабел е Франциска Љона, Дона Панчита, ќерка на Агустин Љона Куевас и Изабел Барос Мореира. Во 1945 родителите на Изабел се развеле и мајката на Изабел се вратила во Чиле со три деца. Изабел го поминала детството со останатите деца во куќата на нејзиниот дедо. Во 1953 година, кога Изабел имала единаесет години, нејзината мајка по втор пат се омажила за дипломатот Рамон Уидобро. Изабел живеела со своето семејство прво во главниот град на Боливија Ла Пас, а од 1956 до 1958 година во Бејрут. Од Бејрут, семејството се вратило во Сантјаго, каде Изабел завршила средно училиште и го запознала својот прв сопруг, градежен инженер Мигел Фриас. Од 1959 до 1965, Изабел направила успешна кариера како телевизиски новинар во информативната служба на Организација на ОН за храна и земјоделство. На телевизија, таа водела неделна програма на програмата на Обединетите нации против гладот. Семејството на Изабел многу патувало низ Европа и некое време живеело во Брисел и Женева. Изабел Аљенде брзо станала многу барана новинарка и експерт за женски права. Во 1973 нејзината драма „Амбасадорот“ била изведена во Сантјаго. Во 1975, Изабел завршила во егзил во Венецуела. Таму работела за весникот Ел Национал во Каракас и предавала во училиште. Во 1981, откако дознала дека нејзиниот 99-годишен дедо умира, Изабел почнала да му пишува писма од кои произлегол нејзиниот прв роман „Куќа на духовите“. Романот веднаш добил светско признание. Врз основа на него, данскиот режисер Бил Август го снимил филмот „Куќа на духовите“ со Џереми Ајронс, Мерил Стрип, Винона Рајдер, Глен Клоус и Антонио Бандерас. Во 1988 година, во Калифорнија Изабел Аљенде го запознала својот втор сопруг, Вили Гордон. Во 2003 таа добила американско државјанство[3]. ТворештвоДо средината на 1980-тите, Изабел Аљенде станала најпознатата латиноамериканска писателка благодарение на нејзините романи „Куќата на духовите“, „Љубов и темнина“ и „Ева Луна“. Како писателка, Аљенде се одликува со способноста да ги изрази во своите дела особеностите на културата, историјата на нејзината татковина и страдањата на нејзиниот народ. Нејзините дела содржат елементи на латиноамерикански магичен реализам, поради што ѝ беше доделен неофицијалниот наслов „Габриел Гарсија Маркез во здолниште“. Историјата на нејзиното семејство и нејзината сопствена биографија играат огромна улога во нејзиното творештво. Познатиот романописец, Изабел Аљенде се занимава со новинарство, пишува драми и предава литература на неколку универзитети. Во новинарството, таа им дава предност на прашања за жените и родовата еднаквост и е најпозната како автор на критички социјални и феминистички новинарски материјали. Таа долги години беше гласноговорник на сите Чилеанци замолчени од режимот на Пиноче[4], И. Аљенде е лауреат на бројни книжевни награди.[5], Романи
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia