Четвртата сезона од Американската серија Изгубени почна со емитувањето во САД и Канада на 31 јануари2008 и заврши на 29 мај2008. Четвртата сезона продолжува да ги следи авантурите на група од четириесетина луѓе кои по паѓањето на нивниот авион беа заробени на еден чуден остров на Јужниот Тихи Океан. Во светот на Изгубени, сезонава зафаќа место во времето меѓу 23 декември2004 и 7 јануари2005 Со доаѓањето на луѓето од бродот, меѓу преживеаниците избувнува конфликт, и се поделуваат на две групи. Првата, предводена од Џек кој верува дека луѓето од бродот ќе дојдат и ќе ги изнесат надвор од островот. А пак, другата група на преживеаници, предводени од Лок, веруваат дека штом луѓето од бродот ќе стапнат на островот, ќе ги убијат сите живи луѓе на истиот.
За сезоната беа предвидени 16 епизоди, но заради штрајкот на сценарисците во САД, беа прикажани само 14. Двете изгубени епизоди, ќе бидат надокнадени во следните две сезони, кои наместо предвидените 16 епизоди ќе имаат 17. ДВД и Блу-реј изданијата ќе бидат издадени на 9 декември2008 под името: Изгубени: Комплетната Четврта Сезона - Проширено Искуство.
Содржина
Список на епизоди
Серија # = Реден број на епизодата во цела серија.
Дезмонд им кажува на преживеаниците дека бродот не е дојден за да ги спаси, преживеаниците се поделуваат на две групи. Во иднината Харли има визии од мртвиот Чарли, и е семестен во лудница.
Мајлс, Френк, Даниел, и Шарлот, дел од екипажот на бродот. Тие се падопранираат на островот и се пронајдени од двете групи преживеаници. Во флешбековите, се покажани мистериозните делови од нивните животи.
Саид Прави договор со Френк (пилотот на хелихоптерот) за да го изнесе од островот. Но за возврат сака да го ослобот заложникот на Лок, Шарлот. Во иднината, Саид има опасна работа и страшен шеф.
Кејт сака да дознае повеќе информации за Мајлс, новиот заложник на Лок. Во иднината се води судска парница за Кејт, поради сите злосторства во минатото.
По слетувањето на бродот, Дезмонд доживува чудни последици, бидејќи го напушти островот. Дезмонд може да си ги контролира акциите кој ги направил пред десет години. Тој се враќа во времето кога служел во војска
Џулиет е посетена од Херпер, една од другите, која и кажува на Џулиет да ја спречи мисијата на Даниел И Шарлот. Во меѓувреме, Бен му кажува на Лок за Чарлс Видмор. Флешбекот на Џулиет го покажува односот на Џулиет со Гудвин, Харпер и Бен.
Џин и Сан одлучуваат да им се придружат на групата на лок, но Џулиет ги спречува кажувајќи му на Џин дека бебето на Сан не е негово. На бродот Дезмонд и Саид го запознаваат Капетанот Кими.
Саид и Дезмонт дознаа дека Мајкл е на бродот како шпијун на Бен. Флешбековите покажуваат како Мајкл се најдол во оваа ситуација. Бен ги праќа Алекс, Карл и Русо, во храмот, но Русо и Карл се застрелани од непознат пукач.
78
9
„The Shape of Things to Come“ „Обликот на работите што доаѓаат“
Во иднината Бен се буди во пустина со зимска јакна, и е сосема дезориентиран. Тој го наоѓа Саид во иднината и го вработува како негов поткупен убиец. На островот, Капетанот и неговиот екипаж се нагодуваат со Бен. Бидејќи бен не сака да попушти тие ја убиваат Алекс
79
10
„Something Nice Back Home“ „Нешто убаво назад дома“
Џек се разболува и мора веднаш да направи операција, Кејт и Џулиет мора да работат заедно за да го спасат. Во иднината Џек се распаѓа и почнува да конзумира апчиња.
Лок, Бен и Харли одат кај Џејкоб за да добијат одговори. Лок влегува во кабината на Џејкоб и добива шокирачки одговор - Треба да го премести островот. Во флешбекот, на кратко се опишува животот на Лок, од раѓањето па сè до парализирањето.
81
12
„There's No Place Like Home: Part 1“ „Ниедно место не е како дома“
Бен, Лок, и Харли го пронаоѓаат местото од каде што треба да го преместат островот, Но таму се капетанот Кими и неговиот екипаж. Бен му се предава на Кими, и тој го носи до хелихоптерот. Во иднината петорицата кои го напуштиа островот (Џек, Кејт, Харли, Сан и Саид) се приморени да лажат за настаните на островот.
82/83
13/14
„There's No Place Like Home: Parts 2 and 3“ „Ниедно место не е како дома (2. и 3. дел)“
Џек, Кајт, Соер, Саид и Френк се во хелихоптерот летајки кон бродот. Заради недостик на гориво, Соер одлучува да скокне и да плива назад до островот. Кога хелихоптерот ќе слета на бродот, заради екплозивите на бродот, ќе мора веднаш да одлета и да се врати на островот. За тоа време Другите успеваат да го спасат Бен, и тој успева да го убие Кими и да го премести островот. Немајќи каде да слета, хелихоптерот со Џек, Кејт, Арон, Саид, Сан, Харли, Дезмонд и Френк се руши. Но луѓето успеваат да го извадат спасувачкиот чамец од хелихоптерот, и да преживеат. Потоа овие луѓе се пронајдени од бродот на Пени, и изнесени на еден населен остров, од кој потоа со авион се пренесени во САД.