Икитос
Икитос (шпански: Iquitos) е град во Перу и најголем град во перуанската Амазонија со население од 370,962 жители. Икитос е главен град на регионот Лорето и покраината Мајнас. Икитос се наоѓа на реката Амазон и е на надморска височина од 106 метри. Во близина на градот се наоѓаат утоките на реките Укајали и Марањон, двете главни притоки на Амазон во Перу. Долг период, Икитос било главно пристаниште во регионот, бидејќи е опколен од три реки. До Икитос може да се стигне со брод или авион, но исто така има пат до Наута, мал град кој е оддалечен од Икитос околу 100 километри. Трговски бродови со товар од 3.000 или 9.000 тони[1] and 5.5 метарs (18 стапки) можат да стигнат до градот од Атлантскиот Океан преку реката Амазон. Главни сообраќајни средства во градот се автобусите, мотоциклите, автомобилите и мали бродови. Градот има топла и влажна клима. Збратимени градовиЗначајни личности од Икитос
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
3°45′S 73°15′W / 3.75°S 73.25°W
|
Portal di Ensiklopedia Dunia