Илинденска споменица
Илинденската споменица — македонско одликување востановено од Народното собрание на Народна Република Македонија.[1] Споменицата популарно е наречена „Илинденка“. Доделена е во 1951 година на преживеаните илинденци по повод 50-годишнината од Илинденското востание. Опис![]() Илинденската споменица е на квадратна основа со пречник од 60 мм. Основната површина била изработувана од позлатен никел и истата е во форма на радијални зраци кои стигнуваат до надворешниот раб на споменицата и се назабени. Круг, со пречник од 60 мм, е вметнат во основната површина, и истиот се состои од две ловорови гранки поврзани на дното. Во кругот има релјеф на борци илинденци, изработуван од посребрен никел. Борците се во борбен строј и со пушки во рацете. Среде споменицата има релјеф на борец од Илинденското востание, кој се издвојува како централна фигура. Борецот носи штик и два реденика, од кои едниот се протега од левото рамо преку градите, а другиот околу појасот на борецот. Борецот во десната рака го држи развеано знамето на востанието, кое го покрива горниот дел од вметнатиот круг. На дното на вметнатиот круг, каде што се поврзани ловоровите гранки, стои натпис со големи кирилични букви: „Илинден 1903“. Вметнатиот круг, борците, централната фигура и натписот биле изработувани од чисто сребро. Лицето на споменицата е испупчено.[2] КритериумиИлинденската споменица се доделувала на:
ДобитнициПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia