Илија Јованоски
Илија Јовановски, (28 мај 1958 во Прилеп) — македонски политичар од редовите на СДСМ и поранешен градоначалник на Општина Прилеп. На функцијата стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во првиот круг со освоени 51,07% од вкупните гласови.[1] Илија Јовановски по професија е примариус доктор специјалист ортопед и пред функцијата градоначалник бил шеф на ортопедска амбуланта и кабинет за ехосонографија. Од 1992 до 2001 бил претседател на Здружение по општа медицина и стоматологија на Прилеп, Македонски Брод и Крушево а во периодот 1995-1998 бил заменик директор на ЈЗУ Медицински центар Прилеп. Од 2002 до 2006 година, тој бил раководител на ортопедско трауматолошко одделение. Член бил на ИСАКОС, меѓународно здружение на артроскопија и спортска медицина (2009) и на Друштвото за наука и уметност Прилеп (2008) Од 2003 до 2011 потпретседател на МЛД (Македонско лекарско друштво) а во периодот од 2004-2007 бил потпретседател на МАДОТ. Од 2013 до 2017 бил на функцијата Координатор на советничката група на СДСМ во Општина Прилеп Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia