Илија Димовски
Илија Димовски (10 август 1980, Титов Велес) — македонски политичар. Младост, образование и рана кариераТој е роден на 10 август 1980 година во Титов Велес. Неговите родители имаат потекло од село Врбјани, охридско и село Ораов Дол, Азот. Како средношколец бил активен во различни дебатни натпревари. Бил меѓународен тренер за дебати. Како хоби се занимава со историја и планинарење. Дипломирал како правник на Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје. Постдипломец на Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје. Политичка кариераИлија Димовски од 2006 година до 2020 бил пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2007 до 2015 година Димовски бил Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2015 година бил координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. Како пратеник во Собранието бил член на Национален совет за евроинтеграции, на Совет на Собранискиот канал, како и на неколку комисии. Шеф бил и на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот, како и член на неколку пратенички групи за соработка со други парламенти.[1] Активности во Сообранието
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia