Илустрирано време (весник)Илустрирано време — едно од најпопуларните илустрирани весници што се издавале во Србија во периодот меѓу двете светски војни.[1] Било објавувано во текот на 1930 и 1931 година. ИсторијаВесникот „Илустрирано време“ било објавувано во текот на 1930 и 1931 година. Излегувало еднаш неделно, во сабота. Првото издание било издадено на 1 март 1930 година а последното на 10 октомври 1931 година. Го издавало печатарско-издавачкото друштво „Време“, истата компанија што го издавала и дневниот весник Време. На крајот на првата година од објавувањето, уредниците им понудиле на читателите врзан сет од сите изданија за 1930 година, во платнено или кожно пакување.[2] СодржинаСодржината на весникот била забавна. Содржело илустрации во боја и црно-бело, како и цртежи. Ги следеле главните политички, културни и други општествени настани во земјата и светот,[3] а областите на кои работеле биле: филм, театар, мода, уредување на домот, готвење, совети за убавина, споменици на културата, важни личности и други. Освен овие содржини, Илустрирано време содржело и содржини наменети за деца, страници посветени на хумор, енигматични криминални приказни и други забавни содржини.[4] Содржината била придружена и со различни реклами, од оние за чоколадото Шонда до оние за моторното масло Шел препорачани од Фиат.[5] Литературни конкурсиУредниците на Илустрирано време организирале и литературни натпревари.
Имињата на членовите на жирито биле објавени во 5 број од 29. март 1930 година. Жирито го сочинувале:
ДигитализацијаРечиси сите изданија на овој весник може да се најдат дигитализирани на веб-страницата на Дигиталната библиотека на град Белград.[4]
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia