Илјада цветови (поезија)
„Илјада цветови“ — збирка со избор од поезијата за деца на македонскиот писател Видое Подгорец. СодржинаЗбирката содржи избор од 7 стихозбирки за деца од дотогашната поезија на писателот, и претставува шеста книга од неговите собрани дела. [1] Во неа се застапени избор од дотогашните стихозбирки, и тоа според содржината ставени се:
ИзданијаПрвото издание Илјада цветови било на НИК Наша книга во 1969 година. [2] Осврт кон делотоЗа поезијата на Подгорец може да се каже дека е исклучително лирична или како што Миодраг Друговац има кажано за авторот, „ткае со срмен збор со лирска топлина, непосредност и впечатливост“. Во збирката пее за татковината, природата, децата, животните, растенијата...„Неговото творештво не е само обемно туку и тематски и мотивски разновидно. Тој е еден од оние автори кој на едноставен и интересен начин го приближуваат своето доживување на пример на летниот или зимскиот пејзаж, детската игра, волшепството на сонот, магијата на денот и ноќта, поврзаноста на човекот со природата, итн. “ [3]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia