Интервал на варијацијаИнтервал на варијација — разлика помеѓу најмалата и најголемата вредност на белегот во серијата.[1] Предности на интервалот на варијацијаОваа мерка на варијација се пресметува мошне едноставно, но не ги исполнува сите услови за добро искажување на варијабилитетот. Интервалот на варијација се пресметува врз основа само на две вредности на белегот притоа не земајќи го предвид распоредот и големината на останатите вредности на белегот.[1] Недостатоци на интервалот на варијацијаПримената на оваа мерка на дисперзија е ограничена, иако се пресметува многу лесно. Покрај брзиот и едноставен начин на пресметка интервалот на варијација има неколку свои недостатоци: зема предвид само две вредности т.е. само два члена на серијата, со најголема и најмала вредност со обзир на тоа дека се работи за екстремни вредности тие можат да бидат многу оддалечени од основната конценрација на останатите вредности на серијата.[2] Формула за пресметка на интервалот на варијацијаИнтервалот на варијација се пресметува по следната формула : Iv=Xmax-Xmin доколку податоците се неинтервални,т.е за негрупирани серии. Iv=ak-a0 доколку податоците се интервални т.е за групирани серии. Каде што: Xmax - најголемата вредност на обележјето Xmin -најмалата вредност на обележјето ak -горна граница на последниот интервал a0 -долна граница на првиот интервал[2] ПримерВо текот на една седница измерени се дневните просечни температури во степени целзјусови. Колкав е интервалот на варијација на дневната температура во текот на таа недела? Понеделник -17,6 Вторник-19,8 Среда-17,9 Четврток-15,6 Петок-18,1 Сабота-15,1 Недела-18,3 Iv=Xmax-Xmin Xmax=19,8 Xmin=15,1 Iv=19,8-15,1=4,7 Од примерот може да заклучиме дека интервалот на варијација изнесува 4,7 степени целзиусови. Извори
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia