ИнтероперабилностИнтероперабилност е термин што означува поврзување на луѓе, податоци и разновидни системи. Терминот може да биде дефиниран во технички контекст или пошироко, земајќи предвид општествени, политички и организациони фактори. ДефиницијаИнститутот за инженери по електроника и електротехника (ИЕЕЕ) ја дефинира интероперабилноста како:
ТелекомуникацииКај телекомуникациите, терминот може да се дефинира како:
Извор: Federal Standard 1037C и Department of Defense Dictionary of Military and Associated Terms во поддршка на MIL-STD-188. Кај двонасочно радио, интероперабилноста е составена од три димезии:
Софтвер![]() Во контекст на софтвер, терминот интероперабилност се користи да се опише способноста на различни програми да разменуваат податоци преку заеднички сет на бизнис-процедури, да читаат и запишуваат во исти формати на податотеки и да користат исти протоколи. (Способноста да се извршува ист бинарен код на различни обработувачкки платформи „не“ се смета за дел од дефиницијата за интероперабилност!) Недостатокот на интероперабилност покажува дека производот(ите) не се дизајнирани според стандардите. Сепак, интероперабилноста не се зема здраво за готово во делот за нестандардни пресметки и светот на информатичките технологии. Според ISO/IEC 2382-01, Фонд на зборови за ИТ, Основни термини, интероперабилноста е дефинирана како: „Способност за комуницирање, извршување програми, или трансфер на податоци меѓу различни функционални уреди на начин кој не бата од корисникот да има знаење за уникатните одлики на тие уреди“. [2] Архивирано на 29 ноември 2007 г. Постигнување интероперабилностИнтероперабилноста може да се постигне на четири начини:
Интероперабилноста како прашање на моќ и доминација на пазаротИнтероперабилноста често се смета како прашање само од доменот на експертите што доведува до потценување на неговите импликации во секојдневниот живот. Случајот на Мајкрософт против Европската комисија покажува дека интероперабилноста се однесува на важни прашања за односите на моќ. Во 2004 година, Европската комисија донесе пресуда дека Мајкрософт ја злоупотребил својата пазарна моќ преку намерно спречување на интероперабилност помеѓу компјутери со Виндоуз и опслужувачи за работни групи кои не користат софтвер од Мајкрософт. Со ова, Мајкрософт бил во можност да заземе доминантна позиција на пазарот за оперативни системи за работни групи, кои се во основата на деловните мрежи. ЕУ му наредила на Мајкрософт да објави целосна и точна документација за интерфејсот, со кој ќе им овозможи на конкурентите да се натпреваруваат со еднаква појдовна основа („лек за интероперабилност“). Од јуни 2005 година Комисијата го испитува новиот предлог на Мајкрософт на оваа тема, оти ги има одбиено претходните како недоволни. Неодамнешните напори на Мајкрософт на полето на интероперабилност укажуваат на промена на ставот во нивниот пристап и ниво на посветеност. Овие напори вклучуваат миграција на форматите на записи за Мајкрософт Офис кон стандардот ECMA Office Open XML и неколку партнерски договори за интероперабилност, особено соработката со Новел [3][4][5]. Интероперабилноста се има појавено и во дебатата за софтверски патенти во Европскиот парламент во текот на јуни и јули 2005 година. Критичарите тврдат дека чувањето на патенти за техниките потребни за интероперабилност под услови на РАНД (RAND - reasonable and non discriminatory licensing), муштериите мора двојно да плаќаат за лиценците: еднаш за производот и еднаш, во соодветни случаи, и за програмата заштитена со патент што ја користи производот. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia