Инфективна мононуклеоза
Инфективната мононуклеоза, која се нарекува и "болест на бакнувањето", е заразна болест најчесто предизвикана од Епштајн-Баровиот вирус во околу 90% случаи, или од цитомегаловирусот во 10% случаи. Кај заразените деца, инфекцијата често минува без симптоми. Кај заразените возрасни вирусот ќе ги предизвика оследниве симптоми во 25-75% случаи:повишена телесна температура, зголемени лимфни јазли и воспалено грло. Епштајн-Баровиот вирус е Б лимфотропен херпесвирус (има нагласена склоност кон напаѓање на лимфоцитите), распространет е ширум светот. Освен што е предизвикувач на мононуклеозата, овој вирус се доведува во врска со карциномот на грло и определени Б-клеточни лимфоми. Преносливост на болестаЕБВ првенствено се пренесува преку плунката, а поретко преку трансфузија на крвта. Обично се пренесува со бакнеж и допирање на делови на телото со предмети натопени со заразена плунка, на пример: чаша, прибор за јадење, играчки. СимптомиЧетири до осум недели после инфекцијата се јавуваат првите симптоми: малаксалост, губење апетит и треска, а неколку дена по овие симптом се јавуваат и воспаление на грло, повишена температура и зголемени лимфни јазли. Тежок облик на воспалено грло го тера пациентот да побара медицинска помош. Понекогаш пациентот ќе забележи само повишена температура и зголемени лимфни жлезди или пак ќе биде присутна само една од компликациите. Повеќето пациенти се жалат на главоболка и малаксаност. Тек на болестаИнфекциската мононуклеоза во најчест случај е болест со ограничено траење. Воспаление на грлото е интензивно 5-7 дена, а во наредните 7-10 дена спласнува. Повишена температура трае 7-14 денови, но некогаш може и подолго. Лимфните жлезди се смалуваат најчесто во тек на третата недела од болеста. Заморот и малаксаноста се најдолготрајните симптоми. Повеќето пациенти за 3-4 недели се чувствуваат доволно добро за враќање на секојдневните обврски, но некои пациенти со месеци се чувствуваат исцрпени, се жалат на смалена концентрација и се неподготвени за вршење на секојдневните активности. Обично такви се пациентите кои имале благ почеток на болеста, без тешки воспаленија на грлото и без повисока температура. КомпликацииКомпликациите се ретки но можат да бидат и драматични па дури и доминантни симптоми на болеста:
Дали се умира од инфективната мононуклеоза?Преку 90% од случаите имаат мирна завршница без компликации. Оваа болест е ретко смртоносна. Најчести причини за смртност кај пациентите кои претходно биле здрави се невролошките болести, опструкција на дишните патишта и оштетувања на слезината.Ризичната состојба наречена Полово (-{x}-) врзани лимфопролиферациски синдром (XLP) или Данканов синдром се јавува кај машки пациенти. 40% мажи зафатени со оваа состојба умира после ЕБВ инфекцијата. Оваа болест, за која сѐ уште не се знае доволно, се одликува со енормно умножување на лимфното ткиво со можни тешки имунолошки или хематолошки последици како што се агамаглобулинемија, апластична анемија или лимфоцитен лимфом. Дијагноза![]() Освен споменатите симптоми, дијагнозата се потврдува со следнива лабораториски наоди:
ЦМВ и ЕБВ , Различни мононуклеозиБолните со мононуклеоза предизвикана од цитомегаловирус (ЦМВ) се главно повозрасни и болеста обично се одликува со воспаление на грло и температура. Воспаление на грло и зголемени лимфни жлезди настануваат поретко. Болеста се развива побавно и поподмолно отколку болеста предизвикана од Епштајн-Баровиот вирус (ЕБВ). Дијагнозата се поставува со изолација на вирусот во крвта или со антитела специфични на ЦМВ. ЛечењеЛечењето е симптоматско бидејќи нема лек против причинителот. Се препорачува:
ПревенцијаЗа спречување на ширењето на мононуклеоза се препорачува одбегнување на контакти со плунка од лица кое неодамна прележале мононуклеоза и одржување на висок степен на хигиена, особено на детските играчки и предмети кои децата ги ставаат во уста. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia