Исаија Мажовски
Исаија Мажовски (Исаија Радев Мажовски) (1852 – 1926) — македонски национален преродбеник,[1] политички агитатор и мисионер, поборник на идејата за автономна Македонија во рамките на јужно-словенската заедница на народите и борец против турското политичко и грчкото духовно ропство. Исаија Мажовски е роден во селото Лазарополе во 1852 година, второ по големина мијачко село во западна Македонија. Поради своите скромни интелектуални капацитети не можел поевидентно да влијае на својата генерација, но според својот национален ентузијазам тоа е една од најимпозантните личности во македонската историја. Застапник е на тезата дека денешните Македонци се Словени и истовремено директни потомци на Античките Македонци и дека македонските цареви Каран, Филип Македонски и Александар Македонски се чисти Словени и Македонци кои пред 2500 години први ги донеле и населиле Македонците на балканските простори. Патувања во Русија, со барања за поддршка за ослободувањето на Македонија![]() На петнаесетгодишна возраст доаѓа во светогорскиот манастир „Зограф“ во потрага по пошироки знаења од оние што ги стекнал во родното село. Под непосредно влијание на својот воспитувач, отецот Натанаил, кој ќе му вдахне љубов кон за поблиско поврзување со матицата на словенството Русија, Исаија неколкупати оди во Русија за да испровоцира нејзина поддршка за неговата поробена татковина - Македонија. Макар што е следбеник на тезата дека ослободувањето на Македонија е задача на самите Македонци, сепак остварувањето на тој идеал не го замислува идеалистички - туку како заеднички потфат на македонските револуционерни сили и Русија. За време на својата посета на Петербург (1885) му предава молба на рускиот цар Александар III од името на македонското (словенското) население од Дебарскиот крај со надеж дека ќе го заинтригира за состојбата во Македонија. Слично патешествие има и во 1897 година, кога сакајќи да се види со рускиот цар Николај II, ќе му биде ветена морална и материјална поддршка во борбата за ослободувањето на Македонија. За остварување на таа цел ќе контактира со руските претставници во Цариград - Н.П.Игнатиев и Букурешт - М.А.Хитрово. ![]() Говор на бродот Рицар, прокламација на македонската национална посебностСвоевидна прокламација на македонскиот национален индивидуалитет и засебност претставува неговиот говор на бродот „Рицар“ на 18 јули 1888 година, на пат за Киев по повод прославата на 900-годишнината од покрстувањето на Русите. Токму во овој свој говор, од име на „заробените славјано-бугари Македонци“, Исаија Мажовски ќе ја истакне својата теза дека Македонците (односно македонскиот старословенски народ) се донесени на балканските простори од цар Каран пред 2500 години, кој исто како Филип и Александар бил чист Словен.[2] Својата теза за античко-македонското потекло на Македонците ќе ја поткрепи со повеќе македонски народни песни и преданија поврзани со македонските цареви Филип и Александар. Со овој свој говор, тој повторно сакал да издејствува поддршка и помош од Русија за ослободувањето на Македонија. Во рамките на борбата против грчкиот владика на Дебарската епархија, Антим, тој ќе развие широка пропаганда која ќе резултира со протерување на владиката од Дебар и Дебарско. Неговата благонаклоност кон Бугарската егзархија не значи скршнување од македонските национални залагања и позиции и иако до крајот на својот живот ќе престојува во Бугарија, тој не станува нејзин емисар и помагач. Соработка со Албанско-македонската лигаЗначаен е и неговиот ангажман во работата на Албанско-македонската револуционерна лига, формирана во 1887 година како резултат на заложбите на македонските и албанските патриоти за борба против Отоманското Царство. За таа цел тој по порачка на бугарскиот премиер Стефан Стамболов често комуницирал со видни албански првенци, патувајќи на релацијата Софија - Дебар - Тирана, каде што постојано бил следен од турски шпиони за што неколкупати бил затворан и жестоко мачен од турските власти. Соработката со албанските патриоти ја прекинува во 1908 година, по кревањето на Младотурската револуција. Уставот на младотурците го доживува како уште еден заговор против вистинските интереси на македонскиот народ. Починал во с. Угрчин, Ловечко, Бугарија во 1926 година. Бугарски ставСпоред бугарскиот став, кој се заснова на книгата на самиот Мажовски која е печатена во Бугарија, во својот живот Мажовски се изјавувал како Македонски Бугарин. На повеќе места во книгата се зборува за бугаро-Македонци, бугари или словено-бугарски народ во Македонија. Исаија Мажовски го нарекува цар Каран "први бугаро-македонски цар",[3] а во молбата до рускиот цар при втората посета на Русија ги опишал турските злосторства над "словено-бугарскиот народ во Македонија".[4] Цитати
ПоврзаноНадворешни врски
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia