Историски речник на Швајцарија![]() ![]() Историски речник на Швајцарија — енциклопедија за историјата на Швајцарија, која целела да ги земе во обѕир резултатите на современите историски истражувања со цел да ги направи достапни на пошироката јавност. Енциклопедијата е објавена од фондација под патронат на Швајцарската академија на општествените науки (SAGW/ASSH) и Швајцарското историско друштво (SGG-SHH) и е финансирана од националните истражувачки грантови. Покрај 35. вработени во средишните канцеларии, придонесувачи биле 100 академски советници, 2.500 историчари и 100 преведувачи. Печатено издание![]() Енциклопедијата била уредувана истовремено на трите национални јазици во Швајцарија: германски (Historisches Lexikon der Schweiz, HLS), француски (Dictionnaire Historique de la Suisse, DHS) и италијански (Dizionario Storico della Svizzera, DSS). Првото од 13. изданија било објавено во 2002 година. Последното издание е објавено во 2014 година. 36.000 одредници биле поделени на:
Електронско изданиеЕлектронското издание е достапно од 1998 година. Статиите ги прави достапни и бесплатни и сите статии се спремни за печатење, но без слики. Исто така ги вклучува сите 36.000 одредници. Lexicon Istoric ReticLexicon Istoric Retic (LIR) е посебна верзија на речникот во две изданија на статиите објавени во реторомански. Вклучува статии кои не се достапни во другите јазици. Првото издание било објавено во 2010 година, а второто во 2012 година. Исто така е достапно и електронско издание. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia