Историја на Евреите во Солун![]() ![]() Историјата на Евреите во Солун се протега две илјади години наназад, со доаѓањето на Евреите познати како Романиоти. Градот Солун бил дом на голема еврејска заедница, во најголем дел со потекло од Сефардите, до средина на Втората светска војна. Ова е единствениот познат пример за еврејската дијаспора, во толкав град да живеат мнозинство Евреи со векови. Во текот на Втората светска војна, Германците ја окупирале Грција во 1941 година, и започнале со прогон на Евреите, каков што вршеле во другите делови на Европа. Во 1943 година, ги собрале солунските Евреи во гето блиску до железничката пруга, и започнале да ги депортираат во концентрациони и работни логори, каде умреле повеќе од 60.000 депортирани. Како резултат на ова, заедницата била речиси истребена. Денес во Солун живеат приближно 1200 Евреи. ПоврзаноБиблиографија
Надворешни врски
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia