Источна Вестфалија-Липе![]() Источна Вестфалија-Липе (герм. Ostwestfalen-Lippe, скрат. OWL) — регион во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Регионот има 2,07 милиони жители и се одликува со стара култура и 2.000-годишна историја. Составен е од источниот дел на областа Вестфалија и областа Липе. По површина се совпаѓа со административниот округ Детмолд. Најпознатото обележје е Арминовиот споменик (Hermannsdenkmal), подигнат во чест на војсководецот Армин, кој ги поразил Римјаните во битка во Тевтобуршка шума и со тоа го запрел нивниот натамошен продор во Германија. Најпозната современа личност од Источна Вестфалија-Липе е поранешниот канцелар на Германија Герхард Шредер (р. 1944 во Мосенберг). Позначајни градови во регионот се Билефелд и Падерборн. Еве ги покрупните места со нивното население: ![]() Надворешни врски
Галерија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia