Истражувачко друштво на студенти биолозиИстражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ) — невладина организација формирана по иницијатива на студентите биолози во 1994 година. Оттогаш функционирањето на друштвото се заснова на организирање на научно-истражувачки акции во кои се вклучени студентите по биологија и други слични дисциплини. ИДСБ има своја просторија на Институтот за биологија при ПМФ во Скопје, опремена со компјутер, печатач и друга канцелариска опрема, во која ќе се изведуваат најголем дел од организаторските активностите. Исто така, Институтот за биологија му овозможува на ИДСБ да ги користи лабораториите и библиотеката за потребите на своите активности. Истражувачкото друштво на студенти биолози е организација која се заснова на волонтерска работа на студентите и се темели на нивната иницијатива и желба за стекнување со дополнителни знаења за нови биолошки содржини, како и проширување и надополнување на наставната програма на Институот за биологија. Со оглед на тоа дека членството на друштвото е во постојани измени заради новите генерации на студенти кои се запишуваат на Институтот на биологија, друштвото врши постојана едукација во поглед на теренската истражувачка работа. ИДСБ има успешно реализирано 18 научно-истражувачки проекти и издадено 4 броеви од списанието “Билтен на Истражувачкото друштво на студенти биолози”. Особено значајна е соработката со други институции од земјава и од странство, заради размената на знаења, искуства и резултати од различни области на биологијата. Затоа значајно е да се споменат институциите со кои ИДСБ досега има соработувано:
и многу други студентски организации во текот на веќе 19 годишната работа на друштвото. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia