Исфахан
Исфахан (персиски: اصفهان: pronounced ⓘ), е главен град на покраината Исфахан во Иран, кој се наоѓа на околу 340 км јужно од Техеран. Исфахан се наоѓа на раскрсница на главните праци кои поминуваат помеѓу север–југ и исток–запад во Иран, и во минатото бил еден од најголемите градови во светот. Неговиот процут го доживеал од 1050 до 1722, особено во 16ти и 17 век за време на династијата Сефевиди, кога станал главен град на Персија по вторпат во својата историја. Дури и денес, градот задржал голем дел од својата мината слава. Познат е по својата персиско–исламска архитектура, со многу убави булевари, покриени мостови, палати, џамии и минариња. Поради тоа настанала и персиската поговорка "Esfahān nesf-e- jahān ast" (Исфахан е половина од светот).[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia