Ишијас
Ишијасот претставува болка во грбот која се спушта кон една од двете нозе, познат е уште како лумбоишијалгија, а настанува со притискање на нервот ишијадикус, најдолгиот нерв во периферниот нервен систем се протега од задникот до стапалата. НастанокИшијасот настанува поради дегеративните промени и прераното стареење на дискусите меѓу прешлените, исто така настанува и поради неправилното одење и седење, носење на обувки на висока потпетица, истегнување на мускулите, подигнување на голем товар, вишок килограми. Оштетениот дискус и воспаление на седечкиот нерв може да предизвика ишијас. СимптомиНајчести симптоми се болка и вкочанетост во лумбалниот предел на ’рбетот, кои вообичаено се јавуваат после некој напор, свиткување и подигнување товар. Болката од долниот дел на грбот се спушта преку колкот, задниот дел од надколеницата, преку подколеницата сè до прстот од ногата. Болката може да биде тапа, силна и остра, привремена или постојана, а со зголемување при секој напор, кашлање, кивање и често е проследена со трнење. Подигнување на ногата во лежечка положба води до истегнување на нервот ишијадикус и појава на болка. Дијагноза и лекувањеВо зависност од симптомите и лекарскиот преглед, може да се постави дијагноза, а потоа да се определи терапија во вид на против воспалителни лекови и аналгетици, лекови за опуштање на мускулите, а понекогаш и кортикостероиди. Во некои случаи, неопходно е, после смирување на болките и воспаленијата, да биде вклучена и физикална терапија, или пак дополнителна дијагностика како електомиографија (ЕМГ), која ќе покаже во колкав степен е оштетен коренот на нервот. Оперативен зафат ретко се препорачува, освен кога веќе болките се неподносливи и кога притисокот на нервот предизвикува паѓање на стапалата и нарушено празнење на мочниот меур и цревата. ![]() ПревенцијаЗа да се намали ризикот од појавата на ишијас и болка, потребно е:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia