Казбек
Казбек (грузиски: მყინვარწვერი, Mqinvartsveri) — заспан стратовулкан кој се наоѓа на Кавказот на границата на грузискиот округ Казбеги и руската република Северна Осетија-Аланија[4][5] . Казбек е третиот највисок врв во Грузија (по планината Шхара и Џанга) и на седмиот највисок врв на Кавкаските Планини. Казбек е, исто така, втор највисок вулкански врв на Кавказ, по планината Елбрус. Врвот се наоѓа директно на запад од градот Степанцминда и ги содржи едни од најистакнатите географски одлики на областа. Казбек е највисокиот врв на Источна Грузија. Името на грузиски јазик, Mqinvartsveri, во превод значи „Замрзнат студен врв“[6]. МестоположбаКазбек се наоѓа на Кохискиот масив, планинско подрачје кое се протега северно од Големокавкаското подрачје и кое е прободено од клисурите на Ардон и реката Терек. Во источното подножје се протега Грузискиот воен пат преку преминот Дарјал на 2.378 метри (7805 стапки). Самата планина лежи по должината на Северниот Анадолски Расед. Регионот е многу активен тектонски, со бројни мали земјотреси кои се случуваат во редовни интервали. Казбет е потенцијално активен вулкан, изграден од трахит, и има облик на двоен конус, чија основа лежи на надморска височина од 1.770 метри. Казбек е највисок од вулканските конуси на Казбешката вулканска група, која исто така ја вклучува планината Кабаржина (3.142 метри). Благодарение на стрмнината на неговите падини, ледниците на Казбек не се многу големи. Вкупната површина на сите ледници на Казбек е 135 км ЛегендаПланината Казбек се поврзува со грузискиот фолклор на гогор Амирани, грузиската верзија на Прометеј, кој бил затворен поради украдениот оган од боговите и предавањето на смртниците. Местото на неговото затворање подоцна станало христијанско место кое се наоѓа на ниво од околу 4.000 метри. Според легендите, во оваа пештера се наоѓале многу свети мошти[7]. ИскачувањеВрвот за првпат бил искачен во 1868 година од страна на Д. В. Фрешфилд, А. В. Мур и В. Такер од Алпскиот клуб, со водичот Франсоа Девуасуд. По нив следеле женската руска алпинистка Марија Преображенска, која се искачила девет пати кон почеток во 1900 година. Природен резерватОбласта околу планината Казбек била прогласена за природен резерват од советската влада во 1979 година. Многу од растенијата и животните во резерватот се ендемски за регионот Кавказ. Казбек како мотив во книжевноста
ГалеријаНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia