Калење во грнчарствоКалењето во грнчарството е технолошка постапка која се применува при изработка на земјени садови изработени на рачно тркало. Тоа е еквивалентно на глеѓосување на садови направени на ножно тркало, бидејќи смислата е иста - елиминирање на порозноста на печената глина и се применувала во сите грнчарски центри на западниот дел на Балканскиот Полуостров. Со експериментот кој го спровел со примероци направени според рецептурата која се користела за изработка на лонци во Калуѓеровац, Потравље и на островот Вели Иж во Хрватска, Ричард Карлтон покажал дека калењето се спроведувало за да се спречи оштетување на лонците кои од жижаницата (грнчарската печка) не се извадени во вистински момент (односно пред максималните 750°C колку што овој тип на керамика може да издржи.[1] Стврднување со растворот од саѓиНекаде, како во Ѓаковица, тоа се правело со спуштање на полуусвитени садови, штотуку извадени од печката, во раствор од саѓи (собрани од широките оџаци на отворените огништа на селските куќи) и води.
Саѓи за калење на керамиката се добивале со стругање од широките оџаци на отворените огништа на селските куќи и се подготвувале така што количина од околу 15 кг се потопувала во казан со вода. По два до седум дена, саѓината вода се пресипувала во корито, во кое потоа се додава врела вода.
Во така подготвената смеса од топла вода и саѓи биле спуштани, само за миг, полузагреани садови само што биле извадени од печката. Вадењето на садовите од печката мора да биде точно на време, бидејќи не би било добро да се вадат пред време, поради пукање во контакт со саѓината вода, но исто така не требало ни да се остават до бело усвитување.[2] Од постоечката литература не може да се дознае како грнчарите од Ѓаковица знаеле во кој момент треба да се вадат садовите од печката.
Со калење садовите трајно ја задржувале црната боја и се верувало дека храната која е во нив готвена е повкусна. Сепак, вака калените садови биле порозни, па во нив, пред првата употреба, повеќе пати се варело млеко или лој за да не пропуштаат течност. Калење со раствор од каша од житарициВо Кореница, Мелешиќи (8 км од Грачаница и Нови Пазар) се ваделе од оган усвитени садови и биле калени во каша од пченкарно, односно 'ржжено и јачменово брашно. Потоа биле враќани во огнот за да изгори брашното. Така калените садови добивале сиво-црна боја.[3][4][5][6]
Кашата за калење на житарици се прави така што на 20 литри вода се додаваат 3 кг пченкарно и пченично брашно и убаво се меша за да стане како чорба.
Во вака кален сад може веднаш да се готви бидејќи тој течноста не ја апсорбира во себе. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia