Калифорнија (Саун Пауло)
Зграда и галерија Калифорнија (португалски: Edifício e Galeria Califórnia) — зграда за комбинирана употреба во Саун Пауло. Проектирана е од архитектот Оскар Нимаер (1907–2012) во соработка со Карлос Лемос (роден 1925). Зградата била градена од 1951 до 1955 година. Зградата Калифорнија во приземјето е галерија, а во горните катови - станбен објект.[1]. ОписЗградата има десет ката, со уште три ката поставени подземја, вкупно тринаесет спрата. На котата на Руа Дом Хосе де Барос, на долниот дел од галеријата (горниот дел е 8,4 метри во висина) и поради разликите во нивоата меѓу двете улици, зградата сега има осум ката по трасата попреку. Со оваа конфигурација, со внатрешниот двор, севкупната волуминозност на објектот е тринаесет ката низ целата зграда.[2]. Стилски одликиОскар Нимаер е еден од најзначајните архитекти на дваесеттиот век. Ова е едно од делата во кој авторот направил баланс помеѓу своите стилски претензии (особено во ентериерот) и побарувањата на инвеститорот. Во својот уметнички израз Нимаер комбинирал бетон, стакло и челик. Тоа е израз кој ќе биде суштинска визура во модернистичката архитектура со планетрана распространетост. Како еден од главните творци на овој архитектонски израз со смелоста, фантазијата, концизноста, органичноста и синтезата, Нимаер го развива до совршенство меѓународниот архитектонски модернистички стил. Неговиот архитектонски израз не само што ќе изврши големо влијание на генерации светски архитекти, туку и во голема мера ќе придонесе за новата архитектонска визура во светски рамки.[3]. НаводиНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia