Калкулатор![]() Калкулатор или дигитрон – мал, преносен, електронски уред наменет за извршување пресметки, од едноставни аритметички, до комплексни математички пресметки. Првиот полуспроводнички електронски калкулатор бил конструиран во шеесеттите години на дваесеттиот век, надградувајќи ја историјата на алатки за пресметување како абакусот (создаден околу 2000 година п.н.е.) и механичкиот калкулатор (создаден во XVII век). Џебните калкулатори станале достапни во седумдесеттите години на дваесеттиот век, особено по создавањето на првиот микрообработувач, Интел 4004, развиен од Интел за јапонската компанија за калкулатори Бусиком. Модерните електронски калкулатори варираат од евтини, модели со големина на кредитна картичка до прави канцелариски уреди со вградени печатачи. Станале особено популарни во средината на 1970-тите кога интегрираните кола ги смалиле димензиите и цената. До крајот на деценијата, цената на калкулаторите се намалиле на ниво основен калкулатор да биде достапен за повеќето луѓе и станале вообичаени во училиштата. Компјутерските оперативни системи почнувајќи уште од Јуникс (Unix), вклучувале интерактивни пресметковни програми, и овие функции се вклучени во скоро сите персонални дигитални асистенти и мобилни телефони. Во 1986 година, според процените калкулаторите претставувале 41% од хардверскиот капацитет што се користел за пресметување информации. Во 2007 година, оваа бројка паднала на помалку од 0,05%[1]. Дизајн![]() ВлезМодерните електронски калкулатори од 2016 година содржат тастатура со копчиња за цифри и аритметикааритметички операции. Повеќето калкулатори имаат определено само една цифра или операција за секое копче, но кај поспецифичните калкулатори, едно копче може да извршува повеќе функции со нивна комбинација. Излезен дисплејКалкулаторите вообичаено користат екран со течни кристали (LCD). За подобра читливост се користат цифри со големи димензии и раздвојници на илјадарки (обратен знак од децималниот знак – раздвојна точка во земјите каде се користи децимална запирка и раздвојна запирка во земјите каде што се користи децимална точка). МеморијаКалкулаторите исто така имаат способност да чуваат броеви во компјутерска меморијакомпјутерската меморија. Основните типови од овие мемории чуваат само еден број истовремено, а поспецифични типови можат да чуваат повеќе броеви претставени како променливи. НапојувањеИзвори на напојување на калкулаторите се: батерии, сончева ќелија или електричната мрежа, а се вклучува со прекинувач или копче. Некои модели немаат копче за исклучување, туку имаат начин за негово исклучување (на пример, неактивност во одреден период, покривање на сончевата ќелија...). Распоред на тастатурата
ЗанимливостЗборот дигитрон е епоним според името на компанијата за калкулатори Дигитрон од Бује, Истра, Хрватска која прва го склопувала во СФРЈ и се наметнала на пазарот како бренд. Калкулаторот како мотив во популарната култура
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia