Камамбер
ИсторијаОд своето основање во XVIII век, тоа станало референца. Ова меко сирење е обезмастен и исцеден кајмак. Според Пјер Андруе, неговото производство било променето со тајната за фабрикација на сирењето бри, а неговиот економски подем е поврзан со близината на морските одморалишта. Сирењето нашло клиентела во туристите, па потоа било пренесено и во Париз. Мари АрелИсторијата на ова сирење почнува во октомври 1790 година кога Мари Арел, жителка на Орн во регионот Камамбер, му помогнала на свештеникот Шарл-Жан Бонву да им избега на републиканците. Свештеникот по потекло бил од Бри, па како благодарност ѝ ја открил тајната за производство на сирењето бри. Нејзината ќерка, која го носела истото име и презиме, и нејзиниот сопруг Тома Пенел, малку по малку го зголемуваат производството на новото сирење. Наполеон III, при една посета на Аржантан, го пробал, го бендисал и го нарачал во својата палата во Париз. Камамберот е лансиран. Долго пред раѓањето на овој славен Нормандиец во 1761 година, постојат други сирења во регионот. Во 1554 и во 1569 година се спомнува сирењето од Ож. Во 1708 година Тома Корнеј го спомнува сирењето од Камамбер во еден географски напис. Елемент на војничката порцијаВклучувањето на парче камамбер во војничката порција за време на Првата светска војна, исто така придонесува за ширење на производот. ПроизводствоМлекото се топли на околу 37 °C, потоа се додава квас (млечни бактерии) пред да се стави сириште. Коагулацијата трае околу 45 минути. Сирењето се сечи на мали коцки. Кога ќе се остави да одмори, сурутката избива на површина. Истата се собира пред сирењето да се стави во калап. Се следи цедењето а калапот му ја дава својата кружна форма на сирењето. За цедењето да биде униформно, сирењето се превртува повеќепати. Кога сирењето е формирано се пренесува во посебна просторија за сушење каде почнува доработката. Температурата и влажноста се регулирани за млечните ферменти да имаат подобри услови за развој. После неколку дена, се појавува бела мувла, пеницилин.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia