Каменц
Каменц (германски: Kamenz, горнолужички: Kamjenc) — град во Лужица (источна Саксонија), Германија. Сместен е во округот Бауцен и брои 18.243 жители. Се наоѓа 40 километри североисточно од Дрезден и околу 30 километри северозападно од Бауцен (Будишин). Градот е родно место на познатиот драматург, филозоф и поет Готхолд Ефраим Лесинг (1729-1781). ИсторијаКон крајот на XII век на местото на градот е изграден замок за крајпатната стража како обезбедување на древниот пат Вија Регија и реката Шварце Елстер. Ова бил важен трговски пат помеѓу Белгија и Шлеска. Градот за првпат е споменат во 1225, а во 1319 стекнал управна независност. Во 1346 Каменц и пет други града го склучиле т.н. „Сојуз на шест горнолужички града“ за да се заштитат од пљачкосувањата на околните вооружени чети. Во 1707 голем дел од стариот град е уништен во катастрофален пожар. ЗнаменитостиТеатри
Музеи
Објекти
Настани
Наводи
јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia