Канадски долар
Канадски долар (ISO 4217:CAD, бројчен код: 124) е официјална валута на Канада уште од 1858 година. Обично се означува со симболот за долар - $, или алтернативно - C$ за да се разликува од останатите доларски валути. Канадскиот долар се дели на 100 центи. Во употреба се банкноти од 5, 10, 20, 50 и 100 долари и монети во апоени од 2$, 1$, 25 центи, 10 центи, 5 центи и 1 цент. Монетата од 50 центи е ретка. Банкнотите од 2 и 1000 долари од 1986 г. до денес се повлечени од употреба. Популарен назив за монетата од еден долар е “бак“ (назив за мажјак на дабар)[1] (анг. buck) или „луни“ (loonie), затоа што на него е прикажана канадска гуска (анг. loon). По аналогија името за монетата од два долари е „туни“ (toonie). Монетата од 25 центи се нарекува „квотер“ (анг. quarter), а 1 цент уште се нарекува и „пени“ (анг. penny). Франкофонските Канаѓани монетата од еден долар ја викаат „уар“ (франц. Huard). Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia