Каналска ќерамидаКаналски ќерамиди или турски ќерамиди — полуцилиндрични ќерамиди поставени во наизменични редици од испакнати и вдлабнати плочки (истите ќерамиди свртени надолу или нагоре). Вдлабнатите, кои се поставени една до друга на покривни летви со вдлабната страна нагоре, ги покриваат испакнатите кои се поставени наопаку над вдлабнатите.[1][2] ИсторијаПокривот со каналски ќерамиди доаѓа од римската архитектура и сега може да се најде првенствено на историските објекти, особено на црквите и манастирите во средоземната област, но и на вообичаените станбени згради. Низ Франција има јасно видлива северна граница на куќи со релативно нежно наведнати покриви и каналски ќерамиди. Тие биле вообичаени и во Средна и Северна Европа во црковните и угледните градби во средниот век сè додека не биле претежно заменети со рамни плочки. Концептот за покривање на монасите и монахињите се користи во Либек од 1294 година. ![]() Во областите на исламскиот Магреб преовладуваат рамни покриви со покривни тераси поради слабите врнежи. Сепак, уште од древно време покривите на џамиите и медресите (подоцна и на кралските и благородничките дворци) биле покриени со зелени застаклени ќерамиди. ПроизводствоКаналските ќерамиди се создаваат со сечење на половина, приближно 40 см долга, малку конусна и сè уште влажна глинена цевка свртена на грнчарско колце со помош на тенка врвка. Половинките потоа се печат. При поставувањето се почнува од стреата и се завршува на гребенот - се поставуваат една до друга на покривни летви со шуплината свртена нагоре. Одозгора се става втор слој со шуплината свртена надолу. На овој начин се создава покрив отпорен на дожд. Малку конусниот облик на ќерамидите овозможува преклопување на соодветните почетни и завршни парчиња. ![]() Поставување![]() Каналските ќерамиди се поставуваат на летви на растојание така што испакнатата ќерамида да може да ја покрие празнината што постои меѓу две вдлабнати ќерамиди. Испакнатите ќерамиди стрчат неколку сантиметри од основните линии на вдлабнатите ќерамиди. За гребенот мора да се користат испакнати ќерамиди за поврзување на различните страни. Испакнатите ќерамиди се полнат со малтер на врвот за подобрување на спојот. Минималното преклопување за покривка со каналски ќерамиди е 80 мм. Максималното растојание на летвата за држење на ќерамидите произлегува од должината на ќерамидата минус минималното преклопување. Во МакедонијаВо Македонија куќите од крајот на 19 и почетокот на 20 век претежно биле покривани со турски ќерамиди. ПоврзаноНаводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia