Канелура![]() ![]() Канелура — архитектонски поим за вертикални бразди исклесани во трупот на столб од класичен ред, како и на пиластри, делови од ѕидот или вазни.[1] Може да се украсуваат со листови или стапчиња, исто така исклесани во камен.[1] Канелурите најчесто се наоѓаат на столбови од јонски и коринтски ред, столбови од сложен ред и некои столбови од дорски ред на кои се направени како полуовални засеци. Канелурите се користат за визуелно изразување на вертикалноста на столбот. Столб или пиластер покриен со канелури се нарекува канелуран столб или пиластер. Канелурањето на столбовите, односно правењето жлебови е откриено во египетската уметност за обработка на столбови. Најчесто канелурите се користеле во класичната архитектура, каде што столбовите, по правило, биле покриени со канелури, пред се во Стара Грција и Стар Рим. ПоврзаноНаводиЛитература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia