1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија.
2Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.
Кан се наоѓа на 15 км од Ламанш, 200 км северозападно од Париз, а со Англија е споен со фериботската линија Кан-Портсмут. Кан е политички, економски и културен центар на северниот регион. Сместен на неколку километри од брегот, од плажите каде се истовариле сојузничките сили, живописните одморалишта Довил и Кабур, Нормандиска Швајцарија и Пеи д’Ож, Кан често се смета за архетип на Нормандија.
Кан е познат по неговите историски градби изградени за време на владеењето на Вилијам I од Англија, кој бил погребан таму, и по битката за Кан - тешки борби што се одвивале во и околу Кан за време на битката за Нормандија во 1944 година, кога бил уништен голем дел од градот. Во спомен на овие битки градот изградил меморијален споменик и музеј посветени на мирот.
Денешниот грб кој се навраќа на оригиналниот грб од 13 век.
Историја
Римско време и среден век
Во римско време Кан бил познат како „Катумагос“, од галските зборови „магос“ што значи „поле“ и „кату“ што значи „борба“. Останал мало населено место во текот на римскиот период и почнал поголем развој во 10 век, под покровителство на војводите од Нормандија. Околу 1060 година, Вилијам Освојувачот започнал со изградбата на Шато де Кан, кој станал центар на војводскиот двор. Отприлика истото време војвотката Матилда Фландриска ја основала бенедиктинската опатија Сен-Трините, каде била и погребана. Кан го наследил Баје како главен град на Долна Нормандија, како втора војводска престолнина после Руан.
Во 1346 година, кралот Едвард III ја повел својата војска во освојување на градот. Се очекувало градот да падне по опсада од неколку недели, но армијата го зазела за помалку од еден ден, на 26 јули 1346 година, при што убиле 3.000 негови граѓани и запалиле голем дел од трговскиот кварт. Само замокот Кан се одржал и покрај опсадата. Неколку дена подоцна, Англичаните заминале, марширајќи на исток и до нивната победа во Битката кај Креси. Подоцна бил заземен од Хенри V во 1417 година и бил сурово третиран како прв град кој ѝ дал отпор на неговата инвазија.
За време на Битката за Нормандија во Втората светска војна, Кан бил ослободен од нацистите на почетокот на јули, месец дена после десантот во Нормандија. Британските и канадските трупи имале намера да го заземат градот на денот Д, но биле задржани северно од градот до 9 јули кога силните бомбардирања за време на Операцијата Чарнвуд уништиле 70% од градот при што погинале 2.000 француски цивили.[4] Сојузниците ги зазеле западните квартови месец дена подоцна од оригиналниот план на фелдмаршалот Монтгомери. За време на битката, многумина од жителите на градот побарале прибежиште во Машкиот манастир изграден од Вилијам Освојувачот некои 800 години претходно. И катедралата и универзитетот биле целосно уништени од британските и канадските бомбардирања.
Повоен период
После Втората светска војна биле обновени целосни области од градот и универзитетскиот кампус. За оваа обнова биле потребни 14 години (1948-1962) која довела до сегашната урбанизација на Кан. Со оглед дека во војната изгубил многу од своите историски четврт и неговиот универзитетски кампус, градот ја нема атмосферата на традиционален нормандиски град како што се Онфлер, Руан, Кабур, Довил и Баје.
Канадиен арми филм (Canadian Army Film) и Фото јунит (Photo Unit) ја снимиле офанзивата Ден Д и пробивлот кај Орн неколку недели подоцна, а по неколку месеци се вратиле за да ги документираат напорите за обнова на градот. Филмот бил насловен „Не можеш да го убиеш градот“ (You Can't Kill a City), а се чува во Националната архива на Канада.
Галерија
Отел д’Есковил, 16 век, Кан
Цртеж на тврдините во Кан видени од птичја перспектива (Национална библиотека, Париз)
Јужниот ѕид на замокот, голема тврдина во центарот на градот
Поранешниот „трамвај“ во Кан всушност бил модерен воден автобуски систем.
Црква Сент-Етјен Стариот
Внатрешноста на црквата Сен-Пјер
Тврдината во Кан
Манастирот Сент-Етјен
Поглед на црквата Сен-Пјер од пред замокот
Етимологија
Првите спомнување на името Кан се наоѓаат во разни списи од војводите од Нормандија: Cadon 1021/1025,[5]Cadumus 1025,[6]Cathim 1026/1027.[7] Паркеровиот ракопис од 1070 година[8] од Англосаксонските анали го наведува Кан како Kadum,[9], а Лаудовиот ракопис од 1086 [10] го именува како Caþum.[11] И покрај немањето извори за потеклото на населбите, се чини дека името Кан е од галско потекло, од зборовите catu-, со значење на воени активности и magos, поле, па значењето би било "маневарско поле" или "бојно поле".[12] Во ЛајамоновиотБрут, поетот тврди дека кралот Артур го именувал градот во спомен на сер Кеј.[13]
Географија
Кан е област со голема влажност. Реката Орн тече низ градот како и мали рекички познати како „Ле Зодон“, од кои најголемиот број биле затрупани за да се подобри урбаната хигиена. Кан има големо подрачје кое се поплавува наречено „Ла Прери“, кое се наоѓа околу хиподромот, недалеку од реката Орн[14],[15].
Кан се наоѓа на 10 км од Ламанш. Канал (Канал од Кан до морето) паралелен со Орн бил изграден за време на владеењето на Наполеон III за градот да биде поврзан со морето во секое време. Каналот влегува во Ламанш кај Уистреам. Подвижна брана ја спречува плимата да навлегува во каналот и им овозможува на големите бродови да пловат по каналот до канските слатководни пристаништа.
Клима
Кан има океанска клима која е нешто подобрена заради повлеченоста во копното. И покрај тоа, летата се свежи за француски стандард и климата е типично морска во поглед на обемот на врнежи, релативно скромните сончеви часови и меките зими.
Климатски податоци за Карпике (во близина на Канскиот аеродром), надморска висина: 67 m, 1981–2010
↑Marie Fauroux, Recueil des actes des ducs de Normandie (911–1066), Mémoires de la Société des antiquaires de Normandie XXXVI, Caen, 1961, p. 122, n° 32.
↑He swealt on Normandige on þone nextan dæg æfter natiuitas sancte Marie. 7 man bebyrgede hine on Caþum æt sancte Stephanes mynstre: He [King William] died in Normandy on the day after the Nativity of St Mary and was buried in Caen, in St Stephen's Abbey
↑René Lepelley, Dictionnaire étymologique des noms de communes de Normandie, P.U.C., Corlet, Caen, Condé-sur-Noireau, 1996)
↑Mairie de Caen. „Caen, terre d'échanges“. Архивирано од изворникот на 20 април 2009. Посетено на 28 септември 2009. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)
↑Griffin, Mary (2 август 2011). „Coventry's twin towns“. Coventry Telegraph. Архивирано од изворникот на 6 August 2013. Посетено на 6 August 2013. Занемарен непознатиот параметар |deadurl= (help)
↑(6 June 1987)„Twin Towns in Hampshire“. www3.hants.gov.uk. Архивирано од изворникот на 11 February 2007. Посетено на 6 November 2009. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)
Библиографија
Joseph Decaëns and Adrien Dubois (ed.), Caen Castle. A ten Centuries Old Fortress within the Town, Publications du CRAHM, 2010, ISBN978-2-902685-75-2, Publications du CRAHM