Каору Митома
Каору Митома (роден на 20 мај 1997 година, во Канагава) — јапонски фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Брајтон и на јапонската репрезентација. БиографијаРоден е во спортско семејство, неговиот татко се посветил на атлетиката додека неговата мајка играла одбојка. Тој има и постар брат по име Јуки кој го инспирирал да се занимава со фудбал; сепак Каору, иако имал можност да стане професионален фудбалер откако завршил средно училиште, тој претпочитал да го одложи тоа за да се посвети на универзитетските студии, каде исто така играл фудбал во тимот на неговиот универзитет, Цукуба, истакнувајќи се по својот талент. Учествувајќи во Купот на императорот, тој постигнал два гола во победата од 3-2 против Вегалта Сендај, клуб од Ј1 лигата, првата дивизија на јапонскиот фудбал.[3] На унивезитетот се стекнал со диплома по моторни науки, а во 2022 година ја најавил својата венчавка со Наруми Миура.[4] Технички одликиИгра и како десно крило и како лево крило, Митома е талентиран играч способен да трча многу, опремен со добар дриблинг и одлично чувство за асистенција, квалитети благодарение на кои е секогаш опасен во офанзивните акции на својот тим. Исто така, има прецизен шут и често знае да ја погодува мрежата благодарение на неговите пласирани "завртени" удари со многу ефе. Веќе по дебито бил наговестуван меѓу најсилните азиски фудбалери за 2020 година.[5] Клупска кариераКавасаки ФронталеСвојата кариера како професионалец Митома ја започнал во Кавасаки Фронтале во 2019 година, а истата година одиграл само еден натпревар за клубот во ремито 2-2 против Нагоја Грампус во Купот на Џеј лигата, кој подоцна неговата екипа го освоила. Следната сезона, тој учествувал во освојувањето на првенствената титула на својот тим за која придонел со 30 настапи и 13 гола, добивајќи го притоа и признанието за еден од најдобрите играчи на тимот: тој го постигнал својот прв гол во првенството во победата со 3-1 против Шонан Белмаре, а потоа постигнувал и по два гола во победите со 6-1 против Консадоле Сапоро и со 3-1 против Јокохама Маринос, исто така асистирал за победничкиот гол кој го постигнал Кенго Накамура во победата со 2-1 против ФК Токио што била 12-та последователна победа на тимот во лигата,[6] за потоа со уште две асистенции за Акихиро Иенага во победата со 5-0 против Гамба Осака да му помогне на својот тим да ја освои титулата на четири кола до крајот.[7] Благодарение на неговиот гол, на 1 јануари 2021 година, Кавасаки Фронтале ја освоиле својата првата титула во Купот на Императорот, совладувајќи ја Гамба Осака во финалето со 1-0.[8] Следниот месец, против истиот противник, Митома постигнал два гола со кои го одвел Кавасаки до нова победа и до освојувањето на Суперкупот на Јапонија.[9] Брајтон и Јунион Сен ЖилоазНа 10 август 2021 година, тој бил купен од Брајтон, потпишувајќи четиригодишен договор со клубот од Премиер лигата.[10] Сепак, веднаш по потпишувањето, Брајтон го позајмил играчот на белгискиот клуб Јунион Сен Жилоаз.[11] Првиот гол за Сен Жилоаз го постигнал во Купот на Белгија во победата над Лебеке со 7-0.[12] Во првенството, тој успеал да постигне гол во победата со 3-1 над Андерлехт,[13] и во натпреварот против Серинг во кој влегол во второто полувреме, кога тимот заостанувал со два гола разлика, но Митома постигнал хет-трик за пресврт-победа од 4-2.[14] По завршувањето на сезоната во Белгија, Митома се вратил во Брајтон. На 13 август 2022 година, Митома го направил своето деби во Премиер лигата за Брајтон, влегувајќи како замена за Леандро Тросар во 75-тата минута во ремито 0-0 против Њукасл Јунајтед на Стадионот Фалмер.[15] Репрезентативна кариераДебитирал за јапонската репрезентација во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022 против Оман во Мускат, кој завршил со победа на Јапонија од 1-0.[16] На 1 ноември, Митома бил избран во 26-члениот тим на Јапонија за Светското првенство 2022 во Катар.[17] Во последниот натпревар од групата против Шпанија на 1 декември, Митома му асистирал на Ао Танака за победничкиот гол во успехот со 2-1, со кој Јапонија се квалификувала за осминафиналето како победник во групата. Голот потоа наишол на контроверзии, бидејќи првично не бил признат поради излегување на топката надвор од теренот, пред ВАР да досуди дека голот е регуларен давајќи ја како објаснување причината дека искривувањето на топката виси над кредата.[18] Хронологија на репрезентативните настапи
СтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 6 декември 2022.
Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia