Капитолски музеи![]() Капитолските музеи (итал. Musei Capitolini) се група уметнички и археолошки музеи на ридот Капитол во Рим сместени на плоштадот Кампидољо. Музеите се сместени во три палати кои го образуваат трапезоидниот плоштад. Планот за плоштадот го направил Микеланџело Буонароти во 1536. Историјата на музеите може да се следи наназад до 1471, кога папата Сикст IV ја подарил колекцијата од важни антички бронзени скулптури на народот на Рим и ги сместил на ридот. Оттогаш, музејската колекција постојано растела и вклучувала антички статуи, натписи и други артефакти; подоцна, колекции на средновековна и ренесансна уметност, колекција на скапоцени камења, монети итн. Музеите се во сопственост и управувани од градот Рим. Во центарот на плоштадот денес се наоѓа статуа на коњаник, која е копија на оригиналната римска статуа на Марко Аврелиј. Оригиналната статуа се наоѓа во музејот. Многу римски статуи биле уништени како паганско наследство во текот на вековите во Рим, оваа преживеала бидејќи се мислело дека го претставува Константин I Велики, заштитникот на христијанството. ЗградиКапитолските музеи се три главни згради на плоштадот Кампидољо поврзани со подземна галерија под плоштадот. Трите главни згради се:
Покрај тоа, Палатата Кафарели-Клементино од 16. век, која се наоѓа позади плоштадот, била додадена на музејскиот комплекс во раниот 20. век. Палата на конзерваторитеОвде се сместени колекции на антички скулптури, најмногу Римски, но и антички грчки и египетски. Главните скалила содржат импресивен релјеф во мермер во чест на Марко Аврелиј. На вториот кат е сместена и познатата Етрурска волчица која според легендите ги одгледала Ромул и Рем - основачите на Рим. На третиот кат се сместени колекции од применета уметност, монети, накит, скапоцени камења и медали. Нова палатаДвата ката на Новата палата се исполнети со статуи, инскрипции, саркофази, бисти, мозаици и други римски артефакти. Во салата на Галот може да се види статуата на Галот на умирање, статуата на Купидон и Психа, Капитолската Венера, и други познати дела. Новото крило![]() Во новата сала со стаклен покрив - Салата на Марко Аврелиј, создадена со покривање на една внатрешна градина од палатата е сместена статуата на Марко Аврелиј во бронза, која го прикажува како коњаник. Во оваа сала се и темелите на храмот на Јупитер, кој се издигал над Стариот Рим и доминирал со своите огромни димензии. Во ходниците пред салата се изложени скапоцени грчки и етрурски вазни кои се подарок од Августо Кастелани во средината на 19. век. КолекцијаДруги познати скулптури во музејот:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia