Бр. 43, „Сонот на разумот, раѓа чудовишта“, првиот примерок од графичкото дело, којшто се чува во Музејот Прадо. Делото е работено во графичката техника акватинта и интаглио на графичка хартија
Капричосите (на шпански: Los caprichos) - каприци, фантазии.
Тие се циклус од 80 графички отпечатоци во техника акватинта и бакропис, создаден од шпанскиот уметник Франциско Гоја во периодот од 1797 до 1798 година и објавени како мапа во 1799 година.[1]
Историја
„Капричосите“ биле повлечени речиси веднаш по појавувањето во јавноста, во 1799 година, со директна интервенција на инквизицијата - едно од првите уметнички дела кое ќе биде соочено со идната многу често употребувана „елиминаторска“ интервенција на владејачките класи - цензура. Во текот на животот на Гоја биле продадени или откупени само 29 примероци од циклусот.[2]
Опис
Главна тема на циклусот е критиката и сатирата кон шпанското општество од крајот на 18 век, особено кон благородништвото и римокатоличките свештеници.[3] Во првиот дел од Капричосите, Гоја, создава реалистички, критички и сатирички графички дела насочени кон слабостите, проблемите, предрасудите, аномалиите на општеството и владејачката класа. Во вториот дел од циклусот, создава графики со претстави на фантастични, гротескни, фантазмагорични суштества, претставени во една надреална, кошмарна ситуација.[4]
И покрај тоа што темите се насочени кон шпанското општество од крајот на осумнаесеттиот век, Гоја, благодарение на својот исклучителен талент и уметничка длабочина, преку овој циклус, оставил универзални и вонвременски пораки, посветени на човечките слабости, апсурди, немоќта да се излезе од проклетството на човечката судбина - трагична, егзистенцијално драматична, тешка, исполнета со суеверие, незнаење, неправдите создадени од владејачките класи, суровите казнувања, особено од страна на инквизицијата, бесмислата на брачните лицемерни заедници.[5]
Гоја ја опишал суштината на серијата - циклусот како пресек на: - „...безбројните глупости, бесмислици коишто доминираат во секое општество, опасните предрасуди, лагата, лицемерието, незнаењето, материјализмот - суров и експлоататорски“.[6]
Секоја графика од циклусот, Гоја ја потпишувал и ја обележувал со специфични наслови, давајќи своевидно дообјаснување за секое дело, за алегоријата, мислата, пораката која ја имал визуелно и ликовно трансформирано. Делата на комплетниот циклус се чуваат во познатиот Музеј Прадо.[7]
Оригиналниот стил, како и прикажувањето на современото општество во „Капричосите“, всушност го сместува Гоја, во движењето модернизам кое ќе се појави еден век подоцна. Особено графичкиот лист „Сонот на разумот раѓа чудовишта“ и денес има речиси статус на икона кај ликовната и творечката јавност.[8]
Значење
Циклусот „Капричоси“ е едно од најзначајните уметнички дела во историјата на уметноста воопшто. Овој творечки зафат на Гоја, не само што е длабоко и филозофско гледање и чувствување на бројните цивилизациски проблеми на човештвото, туку тој е и своевиден патоказ, инспирација и насока во творечкиот развој на светската графика, ликовна уметност, а нивните пораки, генијална имагинација и поетика, ќе бидат инспирација и во поетското, литературното творештво, всушност нивното значење и влијание се чувствува и денес во уметничкото творештво низ скоро сите изразни медиуми на човечката творечка имагинација.[9]
Галерија
Капричос бр. 1: Франциско Гоја и Лусиентес, сликар (Франциско Гоја и Лусиентес, сликар)
Капричос бр. 2: „Тие велат да и додаваат рака на првиот дојден“
Капричос бр. 3: „Еве го напаѓачот“
Капричос бр. 4: „Момче на дадилката“
Капричос бр. 5: „Две од еден вид“
Капричос бр. 6: „Никој не се знае себеси“
Капричос бр.7: „Дури и на тој начин тој не може да ја натера надвор“
Капричос бр. 8: „Така ја однесоа!“
Капричос бр. 9: „Танталус“
Капричос бр.10: „Љубов и смрт“
Капричос бр.: „Добрите се подготвени“
Капричос бр. 12: „Лов на заби“
Капричос бр.. 13: „Тие се жешки“
Капричос бр. 14: „Каква жртва!“
Капричос бр.15: „Добар совет“
Капричос бр.. 16: „Заради рајот: и тоа беше нејзината мајка“
Капричос бр. 17: „Убаво е испружено“
Капричос бр. 18: „И куќата е во оган“
Капричос бр. 19: „Сите ќе паднат“
Капричос бр. 20: „Таму тие се скинати“
Капричос бр. 21: „Како ја грабнаа!“
Капричос бр. 22: „Сиромашни мали девојчиња!“
Капричос бр. 23: „Тоа дамка од прашина“
Капричос бр.. 24: „Немаше помош“
Капричос бр.. 25: „Тој јаскрши стомната“
Капричос бр. 26: „Сега тие седат добро“
Капричос бр. 27: „Кој повеќе е предаден?“
Капричос бр. 28: „Хуш“
Капричос бр. 29: „Сега читате“
Капричос бр. 30: „Зошто да ги скриеш?“
Капричос бр. 31: „Се моли за неа“
Капричос бр. 32: „Бидејќи таа беше подложна“
Капричос бр. 33: „Бројте го платинестиот“
Капричос бр. 34: „Спиењето ги надминува“
Капричос бр. 35: „Таа го остава“
Капричос бр. 36: „Лоша ноќ“
Капричос бр. 37: „Може ли ученикот да не знае повеќе?“
Капричос бр. 38: „Брависимо!“
Капричос бр. 39: „И така беше неговиот дедо“
Капричос бр. 40: „Од што лошо ќе умре?“
Капричос бр. 41: „Ниту повеќе, ниту помалку“
Капричос бр. 42: „Ти кој не можеш“
Капричос бр. 43: „Сонот на разумот создава чудовишта“
Капричос бр. 44: „Тие се вртат убаво“
Капричос бр. 45: „Има многу за цицање“
Капричос бр. 46: „Исправка“
Капричос бр. 47: „Подарок за господарот“
Капричос бр. 48: „Кодоши“
Капричос бр. 49: „Хобголинс“
Капричос бр. 50: „Чинчила“
Капричос бр. 51: „Тие се распрснуваат“
Капричос бр. 52: „Што може да направи кројачот!“
Капричос бр. 53: „Каков златен клун!“
Капричос бр. 54: „Срамниот“
Капричос бр. 55: „До смрт“
Капричос бр. 56: „Да се крене и да се падне“
Капричос бр. 57: „Начелото“
Капричос бр. 58: „Проголтај го, куче“
Капричос бр. 59: „И сепак тие не одат!“
Капричос бр. 60: „Судски процеси“
Капричос бр. 61: „Тие летаа“
Капричос бр. 62: „Кој би помислил!“
Капричос бр. 63: „Погледнете колку се тие свечени!“
Капричос бр. 64: „Среќен пат“
Капричос бр. 65: „Каде оди мама?“
Капричос бр. 66: „Таму оди“
Капричос бр. 67: „Чекај додека не бидеш помазан“
Капричос бр. 68: „Убав учител“
Капричос бр.69: „Налетот на ветрот“
Капричос бр. 70: „Побожна професија“
Капричос бр. 71: „Кога ќе одморат, ќе бидеме надвор одденот“
Капричос бр. 72: „Вие нема да избегате“
Капричос бр. 73: „Подобро е да се биде мрзлив“
Капричос бр. 74: „Не врескај, глупав“
Капричос бр. 75: „Не може некој да нè ослободи?“
Капричос бр. 76: „Разбирате? ... Па, како што велам ... ах! Внимавај! Инаку ...“
Капричос бр. 77: „Она што го прави едниот на другиот“
Francisco Goya y Lucientes: Caprichos. Introduced and Edited by Miroslav Mícko. Spring Books u. a., London u. a. 1958, Sämtliche 80 Blätter sind abgedruckt und beschrieben.
Charles Harrison, Paul Wood (Hsg.): Art in theory. An anthology of changing ideas. Band 1: 1648–1815. Wiley-Blackwell, Oxford u. a. 2000, ISBN 0-63120-064-9, S. 975.
Helmut C. Jacobs: Der Schlaf der Vernunft. Goyas Capricho 43 in Bildkunst, Literatur und Musik. Schwabe, Basel 2006, ISBN 3-7965-2261-0.
Sigrun Paas-Zeidler: Goya, Radierungen. Hatje Verlag, Stuttgart 1978, ISBN 3-7632-2331-2.
Nigel Glendinning, Goya: la década de los Caprichos: Retratos 1792-1804, Madrid, Real Academia de Bellas Artes de San Fernando, 1992 ISBN84-87181-10-4
Juliet Wilson-Bareau, Goya: el capricho y la invención. Cuadros de gabinete, bocetos y miniaturas, Madrid, Museo del Prado, 1993