КаракорумОваа статија се однесува на планински венец. За градот во монголија, погл. Каракорум (град).
Каракорум (кинески: 喀喇昆仑山脉, пинјин: Kālǎkūnlún Shānmài; хинди: काराकोरम, Kārākōrama; урду: سلسلہ کوہ قراقرم) — голем планински венец што се протега низ пограничните краишта на Гилгит–Балтистан (Пакистан), Ладак (Индија) и регионот Сјинџанг (Кина). Влегува во состав на поширокиот систем на Хималаи, но сепак северно од самиот венец. Венецот има најголема концетрација на планини над 8.000 м на светот,[1] каде спаѓа вториот највисок врв во светот, К2 (8.611 м), кој е само 237 м понизок од Монт Еверест. Каракорум е долг околу 500 км и се одликува со најголема покриеност со ледници во светот (вон поларните региони). Ледниците Сијачен (70 км) и Бијафо (63 км) се на второ и трето место по должина во светот вон поларните региони.[2] На североисток венецот се граничи со Тибетската Висорамнина, а на север со Памир. Јужната граница ја образуваат (од запад кон исток) реките Гилгит, Инд и Шајок, што го одделуваат од северозападниот крај на самите Хималаи како што реките се спојуваат на југозапад кон рамниците во Пакистан. Највисоки врвови![]() The notable peaks of the Karakoram are:
Најголемиот дел од највисоките врвови се наоѓаат во регионот Гилгит-Балтистан во Пакистан. Балтистан има над 100 врвови повисоки од 6.100 м. Врвови со ознаката К
Превои![]() Од запад кон исток, Каракорум ги има следниве превои:
Од сите овие премини, само Хундерџапскиот Превој е прооден за моторни возила. Единствениот друг премин во редовна употреба е Шишалскиот, но истиот не навлегува во друга држава. Поврзано
Наводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia