Кардански велосипед![]() ![]() Кардански велосипед — безланчен велосипед што користи кардан наместо ланец за пренос на силата од педалите до тркалото. Се појавиле пред еден век, но биле заменети со ланчени преноси заради поголемиот опсег на брзините со ѕвездестите запченици и осовинскиот пренос. Во последно време се имаат појавено некои кардански велосипеди заради подобрувањата во технологијата на внатрешни запченици. Карданските велосипеди имаат големи конусни запченици на местото каде обичниот велосипед има педална гарнитура. Ова се вклупува во друг конусен запченик на карданот. Со ваквите запченици карданот може да се врти прекршен под агол од 90 степени. Потоа карданот има уште еден конусен запченик близу осовината на задното тркало кој се вклопува во конусен запченик на самата осовина каде би била задната ѕвезда кај обичниот велосипед. Конусните запченици се користат токму поради оваа промена на агли при преносот. Тие се најефикасни при прекршен пренос, споредени со полжавестиот запченик или пак вкрстениот спирален запченик. Карданот е лесто спарен со осовински запченик кој е внатрешен запченик во цилиндар на самата осовина. Денес постојат три значајни производители на осовински преноси пригодни за карданска употреба: Шимано, СПРАМ и Стурми-Арчер. Некогаш и денес![]() ![]() карданскиот велосипед бил измислен во доцниот XIX век. Најголемиот дел од работата на системот ја извршила француската фирма Л'Акатан. Во ова време карданскиот велосипед бил агресивно рекламиран и уживал умерена популарност во 1898 и 1899, иако самата продажба била многу помала отколку онаа на стандардни велоисипеди, главно заради цената. Исто така овие велосипеди биле малку понеефикасни од обичните велосипеди, а тркалата им биле потешки за отстранување при менување на гума. Во изминатиот век овие пречки биле надминати. Во текот на XX век овие велосипеди речиси исчезнале. Денес карданскиот велосипед дожувува своевидна мала ренесанса. Постојат неколку поглавни и повеќе мали производители:
Предности
Неповолности
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia