Карипска струја

КарипскаТоплата Карипска океанска струја во Карипското Море.
Карипските острови.

Карипската струја ― топла океанска струја која пренесува значителни количини вода и тече северозападно низ Карибите од исток долж брегот на Јужна Америка и во Мексиканскиот Залив.[1] Струјата произлегува од протокот на атлантската Јужноекваторска струја додека тече на север по брегот на Бразил. Како што струјата се свртува кон север преку Јукатанскиот Проток, таа е преименувана како Јукатанска струја. Водата од Карипската струја доаѓа од Атлантскиот Океан преку Северноекваторската, Севернобразилската и Гвајанската струја. Кружењето Колумбископанамскиот вител тече спротивно од стрелките на часовникот до Карипската струја.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 „The Caribbean Current“. CIMAS. Архивирано од изворникот на 2009-04-08. Посетено на 19 мај 2022.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya