Кариски јазик
Кариски јазик — мртов анадолски јазик кој се зборувал во југозападните делови на древна Анадолија. Јазикот е дел од подгрупата на лувиски јазици. Карискиот се зборувал во регионот наречен Карија, регион кој се наоѓал помеѓу регионите Ликија и Лидија. До доцниот 20 век овој јазик бил целосна мистерија за научната јавност, иако голем број од буквите на кариското писмо потсетувале на старогрчкото. Со користење на старогрчки фонетски вредности за буквите истражувачите во XIX и XX век не можеле да направат успешен обид и ко класифицирале јазикот како „неиндоевропски“. Напредок во истражувањето на карискиот се забележал со отфрлање на фонетската вредност на старогрчкиот јазик. ИсторијаКарискиот бил сроден со ликискиот и милискиот и сите овие биле сродни со лувискиот. Сепак, помеѓу јазичарите постои дебата за тоа дали овие јазици се сродни поради директна врска со заеднички предок или поради непосредната географска близина.[1] Ахејските Грци започнале да се доселуваат, првично во мал број, од Древна Грција на бреговите на Анадолија во Доцното бронзено доба. Тие кога пристигнале на егејските брегови на Анадолија забележале дека областа била населена од население кое не зборувало старогрчки и дека општо гледано биле во политички односи со Хетската Империја. По падот на таа империја, територијата била мета на забрзано доселување на Стари Грци од Стара Грција, особено Јонци и Доријци. Тие ги зацврстиле првите грчки доселенички населби, но и ги возобновиле распаднатите анадолски градови. Така, регионите почнале да ги викаат според нивните татковини: Јонија и Дорида. Писателите кои се родиле во новите старогрчки градови во Анадолија забележале во своите записи дека луѓето кои ги затекнале во регионот кога се доселиле се нарекувале Каријци и зборувале на „варварски“ јазик. Сепак не се забележало зошто Древните Грци го сметале јазикот за „варварски“. Кариските топоними кои биле запишани не се со старогрчко потекло. Значењата на имињата не им биле познати на Старите Грци, а и денес се мистерија. Теориите за карискиот јазик тврдат дека јазикот не се проширил надвор од териториите на Карија, јазикот не е сроден со етрурскиот, не се пишувал со некој од древните егејски писма и не бил егејски јазик. Записи на кариски се пронаоѓале низ целата Древна Грција но тоа било како резултат на тоа што Каријците биле склони кон патување и патувале кон Грција заедно со Јонците. Со тек на време сè повеќе и повеќе Грци доаѓале во Анадолија и така се формирала Јонската лига. Со тоа, Карија станала сосема хеленизирана и јазикот сосема изумре во 1 век п.н.е. ИзвориКарискиот е познат на светската научна јавност по следниве извори:[2]
Наводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia