Карлинг
![]() ![]() Карлинг е спорт во кој играчите со помош на четка лизгаат осум камени кугли (изворно: stones) на лист мраз кон целната област која е сегментирана во четири концентрични кругови, што поблиску до средината на куќата, означени како кругови на површина од мраз. Водачот на екипата (lead) прв ги фрла своите две камени кугли спрема средината на куќата, додека вториот и третиот, едноставно се нарекуваат (second и third), a последниот фрла скипер кој воедно е и капитен на екипата.[2] Керлингот е шкотски национален спорт кој се проширил во Канада, САД, Шведска, Швајцарија, Норвешка, Данска, Германија и Франција, стои во натписот на лизгачкиот камен, кој седум децении чекал на олимписко признање. Карлингот е официјално зимски олиписки спорт дури од Зимските олимписки игри од 1998 година. Називот на играта настанал спрема звукот на фрлениот камен – -{the roaring game}-. Автор на првите пишани траги за карлингот е шкотот Џон Макуксин кој во февруари 1540 година, забележал еден тогашен двобој на мраз. Првите правила на карлингот ги објавил клубот Дудингсон во 1813 година. Светските првенства во машка конкуренција се играт од 1959 година, а во женска од 1979 година. »Каменот« со кој се игра карлингот е направен од гранит и тежи околу 20 килограми.[3][4] Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia