Карл „Си-Џеј“ Џонсон![]() Карл „Си-Џеј“ Џонсон (англиски: Carl "CJ" Johnson) e измислен лик од серијалот видеоигри Grand Theft Auto кој служи како протагонист и единствен игрив лик во видеоиграта Grand Theft Auto: San Andreas. Карл е помошник водач на бандата „Фамилиите Гроув Стрит“, заедно со брат му, Шон „Свит“ Џонсон. Свит открива дека Карл е роден во куќата на Џонсонови, двоспратна куќа на улицара Гроув, слепа улица во Гантон, Лос Сантос, чиј споственик е мајката на Карл Беверли. После смртта на Беверли, куќата станува сопственост на Свит, но откако доаѓа Карл, таа претставува негово живеалиште. Карл е второ дете на Беверли, после Свит, помлади од него се сестра му Кендл и помладиот брат Брајан.[1] УлогаПрологПо смртта на неговиот помлад брат Брајан, Карл избегал од притисоците на уличниот гангстески живот, и се преселил во Либерти Сити каде што работел со Џои Леоне во бизнисот со крадење автомобили.[2] Во „The Introduction“ - кратко видео кое беше издадено со официјалниот саундтрак на играта, тој е виден ограбувајќи еден човек и крадејќи еден автомобил на улица.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia