Карпошовата буна (роман)
„Карпошовата буна“роман за животот на Карпош — роман за деца од македонскиот писател Видое Подгорец. За првпат, книгата била издадена во 1983 година. Пишувана била од 1977 до 1983 година. СодржинaРоманот се состои од две книги со 15 и 12 глави, а дејствието го раскажува омнисцентен раскажувач. „Карпошовата буна е романизирана биографија на бунтовничкиот крал Карпош. Видое Подгорец со ова свое дело, дава исклучителен придонес кон приближувањето на читателот за историските случувања на ропскиот живот на Македонецот, но и борбата за подобар живот и бунтовноста на народот. Преку својот специфичен начин на раскажување Видое Подгорец, го оживува ликот на кралот на Куманово, неговите соборци и дава широка слика на случувањата од историјата. Историските факти се дадени преку темелно истражување, а портретирањето на ликовите е длабоко и човечно, со што им се дава во исто време и универзален карактер. Со оваа книга на Подгорец, Карпош децата освен како историска личност, го доживуваат и како јунак. Романот започнува со пролог/ запис на безимен монах од времето после Карпошовата буна. страдањето и неволјите на народот кој востанал. Секоја од главите има свој наслов, со кој се најавува содржината на главата. Изданија на книгатаРоманот „Карпошовата буна“ има доживеано неколку изданија, како:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia