Картонско пакување![]() ![]() Картонско пакување, картонска кутија или картонска амбалажа — амбалажа што се користи за превоз на предмети. Името доаѓа од материјалот од кој е направена, картон. Во 2014 година, брановидниот картон се наметнал како амбалажа за многу предмети[1], за нивен превоз пред изложување во продавницте или за нивен превоз по купувањето. ![]() Ваквото пакување може да се рециклира за производство на хартија или брановиден картон, што го прави еден од „одржливите“ облци на пакување. Картонската или исечената кутија ја измислил во 1817 година Шкотот Малколм Торнхил. Видови кутииПреклопни картонски кутии![]() Картонската кутија е вид пакување обично направена од картон и приспособена за пакување храна, фармацевтски производи, железарија и многу други видови производи.[2] Преклопните картонски кутии обично се склопуваат во туба од страна на производителот и се испраќаат рамни (расклопени) до пакувачот. Одредени модели со цврсто дно често се испорачуваат како рамни листови, а ги склопува пакувачот. Некои модели се монтираат и автоматски. Достапна е опрема која се одликува со голема брзина за инсталирање, товарење и затворање на картонски кутии. Влошка за јајца![]() Картонските кутии за јајца се смислени за време на превозот да ги заштитат јајцата, да не се скршат, односно да останат целит. Традиционално, тие се правеле од обликувана пулпа. Се користи рециклиран весник кој е обликуван во таков облик што ги штити јајцата. Во поново време, влошките за јајца се прават и од експандиран полистирен и ПЕТ . Асептична картонска кутијаКартонските кутии за течности може да се направат од ламинати за пакување на течни материи, алуминиумска фолија и полиетилен. Повеќето се засноваат на системите Tetra Pak или SIG Combibloc. Една опција е печатениот ламинат да се добие во облик на ролна. Потоа картонот се сече, се засекува и се обликува. Друга опција е претходно склопените цевки да се добијат во фабриката за пакување за доработка и полнење. Овие картонски кутии се погодни за асептична обработка и се користат за млеко, супа, сок итн. Картонските кутии се полесни во споредба со челична кутија со слична големина, но се потешки за рециклирање. Некои операции за рециклирање со отворена јамка гранулираат или сплескаат искинат картон за употреба во градежни материјали. Рециклирањето во затворен циклус е можно со одвојување на слоевите пред обработката, иако некои рециклатори рециклираат само картонски влакна.[3] Перга картонКартонските кутии Перга за прв пат биле произведени во 1932 година како конзерва отпорна на протекување за време на Првата светска војна. Јагенберг верке АГ (Jagenberg Werke AG), во Диселдорф, Германија, го патентирала решението.[4][5] Картонот имал ребреста текстура и хартиени обвивки обложени со парафин, што му давало заварена структура од основата до капакот. Повеќето картонски кутии имале капацитет од 200 мл. Развојот на картонот забавил за време на Втората светска војна, но неговиот дизајн ќе доживее оживување на европските пазари во 1960-тите.[6][7] Фронтон картонФронтон картоните со заоблен врв често се користат за течни производи како што се млеко, сок итн. Тие се направени од картон обложен со полиетилен[8] или други видови картон за пакување течности, а понекогаш и од ламинат од алуминиумска фолија.[9][10] Тие обично се отвораат со притискање на заоблените отвори на горниот дел назад и извлекување на горниот дел (клун за турање). Некои имаат уред за отворање и засек за полесно отворање и консумирање на содржината.[11][12][13][14] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia