Каталог на ѕвезди-водилкиКаталог на ѕвезди-водилки (англиски: Guide Star Catalog или GSC) наречен и Основен каталог на вселенскиот телескоп „Хабл“ (Hubble Space Telescope, Guide Catalog HSTGC) — ѕвезден каталог составен според наодите на вселенскиот телескоп „Хабл“ со одредишта на ѕвезди вон оската. GSC-I содржи околу 20.000.000 ѕвезди со привидна величина од 6 до 15. а GSC-II опфаќа 945.592.683 ѕвезди со величина до 21. Колку што е можно се изземаат двојни ѕвезди и неѕвездени тела како неподобни за набљудувачкиот апарат „Сетилник за уточнето водење“[1]. Ова е првиот целосен ѕвезден каталог наменски предвиден за наведување и пловидба по вселенскиот простор.[2] Формат на каталоготСекој запис во каталогот се наведува по форматот GSC FFFFF-NNNNN,[3] или GSCfffff0nnnnn (fffff0nnnnn). Низата со букви F се однесува на Хабловиот код на дадено небесно подрачје. Каталог на ѕвезди-водилки IIВо 2008 г. е издадено значајно проширување на каталогот, наречено „Каталог на ѕвезди-водилки II“ (Guide Star Catalog II или GSC-II). Составен е од одделението за каталогизација и попис на Институтот за вселенскиот телескоп (Space Telescope Science Institute). Содржи записи за 945.592.683 ѕвезди, со положби, класификации и величини на 455.851.237 од нив. Најновата преработка (2.3.2) е во активна употреба за уточнето насочување на вселенскиот телескоп „Хабл“.[4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia