Каталози на композиции на Бетовен![]() Каталозите на Бетовеновите композиции ― сите различни начини на кои музичките композиции на Лудвиг ван Бетовен биле организирани од истражувачите во неговата музика. ПроблемотПовеќето од најпознатите дела на Бетовен биле објавени со опусни броеви, со кои тие може веродостојно да се идентификуваат. Други 228 дела се означени со WoO (Werke ohne Opuszahl – буквално, „дела без опусен број“), меѓу нив необјавени рани и повремени дела („Кантата за смртта на императорот Јозеф II“, WoO 87), објавени варијации и аранжмани на народни песни („25 ирски песни“, WoO 152), постхумни публикации („За Елиза“ WoO 59 ) и голем број недовршени дела. Списокот на дела без опусни броеви бил проширен, но сè уште бил оставен без информации за многу фрагменти и скици, како и бројни случаи на несигурно припишување. Каталозите опишани овде се обиди да се организираат и прецизно да се идентификуваат сите овие дела на начини кои се корисни за музиколозите, музичарите и публиката што слуша. Број на опус![]() Традиционалниот метод од 19 век за идентификување на делата на композиторот бил издавачите да им доделат некој последователен број на опус на делата додека биле објавувани. Овој метод не е целосно задоволувачки за никого. Музичарите и публиката што слуша нема сигурен начин да разликуваат различни дела со слични одлики. Музиколозите не можат со сигурност да ги идентификуваат необјавените дела, ниту имаат веродостојна индикација од бројот на опусот на вистинскиот датум(и) на композицијата. На пример, Октетот, напишан од 1792 до 1793 година е Opus 103, додека Opus 102 и Opus 104 биле напишани во 1815 и 1817 година соодветно. Некои опус броеви се состојат од повеќе парчиња; 172 дела се поделени на 138 опус броеви. Сите композиции на Бетовен до и вклучувајќи го опусот 135 беа објавени во текот на животот на Бетовен; подоцнежните броеви беа објавени постхумно и воглавно се означени со „Оп. постх“. Кинскиев каталогВо 1955 година, Георг Кински и Ханс Халм објавиле каталог на делата на Бетовен, во кој на некои од необјавените дела на Бетовен им доделиле броеви на 205 „Werke ohne Opuszahl“ (што значи „дела без опус број“ на германски. На овие бројки со оглед на овие дела воглавно им претходи „WoO“. Кински-Халмовиот каталог, исто така, наведува 18 дела во додаток како сомнително припишани или едноставно лажни. На овие бројки воглавно им претходи „Anh.“, кратенка за германскиот звор Anhang, што значи додаток. Хесов каталогШвајцарскиот композитор и музиколог Вили Хес, исто така, истражувал и објавил каталог во 1950-тите, во кој вклучил дела што не биле вклучени во целосното издание од 19 век, објавено од Брајткопф и Хартел. Хес вклучил многу повеќе фрагментарни дела отколку Кински, а неговиот каталог содржи 335 записи во „Хаупткаталог“ (главен каталог) и 66 „сомнителни и лажно припишани“ дела во додатокот. Многу парчиња имаат и WoO и H броеви. Добар пример би биле „Дванаесетте танци за оркестар“ (односно „Германски танци“) од 1792-1797 година, кои се WoO 13 во Кинскиевиот каталог и H 5 во Хесовиот каталог. Бјамонтиев каталогКомпозициите на Бетовен се организирани и преку Бјамонтиевиот каталог, составен од Џовани Бјамонти и објавен во 1968 година. Ова дело е обид хронолошки да се подреди целокупниот творечки труд на Бетовен, на сличен начин како каталозите на делата на Франц Шуберт од Ото Ерих Дојч и на делата на Волфганг Амадеус Моцарт од Лудвиг Ритер фон Кехел. Ги комбинира парчињата со опусни броеви, сите дела од каталозите на Кински и Хес и претходно некаталогизирани фрагменти, во единствен список кој содржи 849 записи. КаталозиСледниве референци ги идентификуваат главните каталози на делата на Бетовен.
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia