Катанѕаро
Катанѕаро (италијански: Catanzaro) е град во Италија. Катанѕаро е административен центар на провинцијата Калабрија во јужниот дел на земјата и главен град на истоимениот округ Катанѕаро. Сепак, овој град не е најголемиот град и економското „срце“ на покраината, тоа е Реџо ди Калабрија. Катанѕаро е познат како „Град три В “:
Природни одлики![]() Катанѕаро се наоѓа во јужна Италија. Градот е 616 километри јужно од главниот град Рим и 160 километри североисточно од Реџо ди Калабрија. РелјефКатанѕаро се наоѓа во централниот дел на Калабрија, на местото каде што полуостровот е најтесен. Се развил на три стрмни ридови над крајбрежната рамнина на Јонското Море, сместено југоисточно од градот (10 км). Поради близината до морето, градот се наоѓа на надморско ниво од околу 340 м (центар на градот), а неговата положба на ридовите над рамнината му дава на Катанѕаро специфичност. КлимаКлимата во Катанѕаро е изменета средоземна поради надморската височина. ВодаКатанѕаро е поставен многу високо и затоа нема поголеми водотеци, но низ градот течат неколку мали потоци. ИсторијаИако областа во која се наоѓа градот има долга историја, Катанѕаро не е толку стар град. Населбата на местото на денешниот град се појавила некаде во 10 или 11 век. со доаѓањето на Норманите на овие простори. Населбата била тврдина и како таква го бранела блискиот византиски град Скилетон, кој, како приморски град, бил постојано напаѓан. Во 1860 годинаградот се приклучил на новооснованата Италија. Во 1970 година Катанѕаро станал провинциски центар по бунтот во тогашниот главен град Реџо ди Калабрија. ПопулацијаСпоред резултатите од пописот на населението во 2011 година, во општината живееле 89.364 жители.[1]
Во 2008 година Катанѕаро имал околу 94.000 жители, 3 пати повеќе отколку на почетокот на 20 век. Говорот на локалното население е близок до сицилијанскиот дијалект, а во него се чувствува значајното влијание на грчкиот јазик. ЕкономијаКатанѕаро, како провинциски центар, има развиен терцијарен (трговија, услуги) и кватернарен сектор (администрација, образование, банки). Индустријата е претежно во форма на мали бизниси. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia