Катарина Џи (мобилна библиотека)
![]() Мобилната библиотека Катарина Џи — автобус во сопственост на централната библиотека во Талин или подвижна библиотека кој работи во Талин, Естонија, првата и моментално единствена подвижна библиотека која што работи во Естонија. Името на автобусот Катарина Џи се однесува на лик од романот Томас Нипернаади на естонскиот автор Август Гаилит. Библиотеката е модифициран автобус на Волво, прилагоден во Финска од Китокори ОЈ, кои произведуваат такви возила од 1965 година. Внатрешниот и надворешниот дизајн на автобусот е дело на уметникот Керту Силасте од централната библиотека во Талин. Мобилната библиотека Катарина Џи работи од понеделник до четврток во Ласнамае, Хаберсти, Ниме и Пирита на 26 получасовни закажани постојки. Во петок автобусот посетува училишта, градинки, младински и дневни центри и други јавни настани.[2] Мобилната библиотека Катарина Џи распполага и носи 8000 наслови што може да се најдат на онлајн каталогот ESTER, има избор на книги и списанија на естонски, руски, англиски и аудио книги на естонски. За да се користат услугите потребна е валидна картичка од централната библиотека на Талин за да се позајмат материјали од автобусот, материјалите може да се вратат во одделенијата или во која било филијала на Централната библиотека во Талин. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia