Катарска кујна![]() Катарската кујна е главно составена од традиционалната арапска кујна.[1] Мачбус, оброк кој содржи ориз, месо и зеленчук, е националното јадење на Катар, обично направено со јагнешко или пилешко месо, кое е бавно варено за да му даде повеќе длабочина на вкусот.[1][2] Морската храна и урмите се главен дел од исхраната на граѓаните во Катар.[3] Многу од катарските јадења се прават и во други држави во регионот, бидејќи споделуваат многу заеднички одлики, но на некои од јадењата им се дадени различни имиња или користат поразлични состојки.[4] Еден поборник за важноста на кулинарското наследство на Катар е готвачот Нур Ал Мазроеи, кој умее да ги прилагоди традиционалните рецепти за да вклучи вегански и алтернативи без глутен.[5] Традиционални мешавини на зачини од КатарЗачините имаат многу важна улога во Катарските јадења и општо во арапското готвење. Готвачите се грижат да ги набават најквалитетните зачини и да ја зачуваат нивната свежина.[6] Мешавината БизарБизар е комбинација од црн пипер, семки од коријандер, стапчиња цимет, каранфилче, сушен ѓумбир, цел кардамом, сушено црвено чили и стапчиња од куркума. Зачините прво се мијат, а потоа се сушат на сонце, по што се мелат и се мешаат.[4] Мешавина ДаќуОва е мешавина направена од црвено чили, но вклучува печена и мелена пченица, печени и мелени семиња од ким, печени и мелени семки од сусам, семе од коријандер, мелено и суво црвено чили, чешниња лук и сол.[4] Мешавина ХисоОваа мешавина вклучува сушен ѓумбир, стапчиња цимет, семки од кардамон, цел црн пипер, стапчиња од куркума и семки од ким.[4] Главни јадењаКатарски мачбусМачбусот е јадење кое се состои од ориз, месо, кромид и домати, заедно измешани со многу зачини. Ова јадење е локалната варијација на кабса. КабсаСодржи ориз, месо и зеленчук зачинети со разни видови на зачини. Ова јадење е слично на бирјани или пилаф. ГузиГузи е печено јагнешко месо кое се служи врз ориз.[7] Се нарекува и шуваа. МадроубаМадроуба е лута и зачинета катарска каша, направена со пилешко, преварен ориз и богатство од зачини како што се куркума, ким, кардамон, ѓумбир, каранфилче, цимет, лук и црн пипер. Се препорачува кашата да се служи додека е сè уште топла, по можност украсена со свежа кора од лимета.[8] ХарисХарис е јадење направено од мелено семе од пченица, мешано со сало (гхи). Обично се додава само сол и вода, а може да се подготви и со пилешко или месо.[4] ![]() ЏаришЏариш е дробена пченица која се подготвува со разновидно месо.[4] Кобс ргагКобс ргаг е тенок рамен леб кој се прави од брашно, вода и сол, а се користи и во други јадења, најчесто со јадењето тарид.[4] ТаридТарид е составено од кобс ргаг и супа, заедно со зеленчук и пилешко месо.[4] ПијалациАрапско кафеКафе сварено од темно печени зрна кафе зачинето со кардамон и послужено со урми.[4] КаракКарак, познат и како „чај со млеко“ или „чаи млеко“,[9] е светло портокалов пијалак со кардамон, шафран и шеќер.[7] Тоа е чај кој е збогатен со повеќе зачини, заедно со испарено млеко. Десерти![]() ![]() ЛугаиматСостојките кои што се користат за создавање на ова слатко панирано пециво се брашно, млеко, путер, шеќер, шафран и кардамон. По пржењето, десертот е подготвен за послужување и врз него се прелива мед или сладок сируп.[4] КабисКабиите се урми без семки, натопени во вода и комбинирани со печено брашно или измешани со шеќер, масло, путер, шафран, кардамон и розова вода.[4] АсидаАсида е едноставен десерт што се прави со брашно, масло и шеќер.[4] БалалетBalaleet се тестенини варени со шеќер, цимет, шафран и кардамон. Тестенините често се служат со омлет врз нив.[4] СагоСаго е сладок желатински пудинг зачинет со шафран и кардамон. Оригиналниот рецепт е создаден од Мохамед Фати, египетски научник.[4] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia