Каштела![]() Каштела е град во Хрватска во Сплитско-Далматинската жупанија Географска положбаКаштела е град во централна Далмација, во близина на Сплит, Трогир и Солин. Оддалечен е десет километри од Трогир на север и Сплит на југ и е многу добро поврзан со главните патни правци со тој дел на Далмација, но и со континентална Хрватска. Градот лежи под планината Козјак помеѓу Трогир и Сплит, а името го добил по замоците (малите градови) кои биле изградени во 15 век изградени од жителите на Сплит и Трогир во 19 век за одбрана од турските инвазии, а до нив подоцна се формираат села, од кои на почетокот имало 13, а сега се седум.[1] Планината Козјак (780 м) се протега северозападно - југоисточно над Каштела, а малку пониско кон југ е планината Мосор (1.330 м). Заливот Каштела, јужната граница на полето Каштела, е вдлабнатина помеѓу гореспоменатите планини на север и полуостровот Марјана и островот Чиова на југ. Во геолошка смисла преовладуваат варовникот и флишот. Флишот не надминува височина од 400 м, а неговите благи падини, особено кон морето, се покриени со обработлива плодна почва. Изворите на вода излегуваат токму на допирната линија на флиш и варовник. ИсторијаДо територијалната реорганизација во Хрватска биле дел од старата општина Каштела. Во 1420 г Каштела потпаднала под венецијанска власт и станала место на битката меѓу Сплит и Трогир. За време на турските инвазии од 15 — 17 век попрскана со мали гратчиња наречени „замоци“, го добила сегашното име.[1] ПопулацијаНа пописот на населението во 2011 година во градот Каштела имало 38.667 жители, од кои 6.829 живееле во градското седиште Каштел Суќурац.
Забелешка : Потекнува од старата општина Каштела. Од 1948 г до 1971 година дел од податоците се содржани во градот Сплит. Урбани населбиКаштела е составена од седум помали поврзани места долж брегот на заливот Каштела тоа се:
Култура и спорт
Збратимени градовиПоврзаноНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia