Квалификации за Европско првенство во фудбал 2020 - група Е е една од десетте групи во склоп на квалификациите за Европското првенство 2020. Во групата се наоѓаат пет репрезентации, и се игра по Бергеров систем на натпреварување. Двете првопласирани репрезентации во групата ќе се квалификуваат на Европското првенство 2020.[1][2]
Распоредот на натпреварите УЕФА го објавила истиот ден како и ждребот, кој бил одржан на 2 декември 2018 година во Даблин.[3][4] Времето на одигрување на натпреварите ќе биде прикажано по CET/CEST (месното време ќе биде прикажано во заграда).