Квечерина (Микеланџело)
Квечерина (италијански: Crepusculo) — мермерна скулптура (155 × 170 cm, максимална должина 195 cm) од Микеланџело, за која се верува дека е изработена во раздобјето 1524-1531 година и е дел од декорацијата на Новата сакристија на црквата Св. Лаврентиј во Фиренца. Таа е една од четирите алегориски делови на денот и се наоѓа на десната страна на саркофагот на гробот на Лоренцо де Медичи, војводата од Урбино. ИсторијаКвечерина Микелаџело започнал да ја работи во фазата по обновувањето на работите на сакристијата во 1524 година, по изборот на папата Климент VII на папскиот престол. Не се знае датумот на завршување на делото, кое уметникот морал да го заврши по прекинот поради опсадата на Фиренца во 1531 година, но статуата била видена „недовршена“ во 1534 година, кога Микеланџело конечно го напуштил градот. ОписКвечерина или зајдисонце се појавува како машка персонификација, полуиспружен и гол, како и другите статуи од низата. Можеби ги имал за пример планинските и речните божества на триумфалната порта на Септимиј Север во Рим како свој модел. Ако неговата другарка, Мугра (Аурора), е будна, Квечерина треба да спие. Неговото тело е испружено со една нога прекрстена преку другата за дополнителна динамика, едната рака е лабаво поставена на бутот и го држи превезот што се спушта назад, другата ја поддржува фигурата со свиткан лакт и уморно седи. Лицето е забрадено и замислено гледа надолу. Меѓу различните иконолошки читања, статуата се смета за симбол на флегматичен темперамент или елемент на вода или дури и земја. Слики
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia