Келтска музика![]() Келтската музика е широка група на музички жанрови кои се развиле од народната музичка традиција на Келтите од Западна Европа.[1][2] Се однесува на традиционалната музика што се пренесува усмено како и на снимената музика, кои стилски значително се разликуваат и вклучуваат сѐ од традиционална музика до широк репертоар на хибриди. Опис и дефиниција![]() Келтска музика значи главно две работи. Прво, тоа е музика на луѓето кои се идентификуваат како Келти. Второ, тоа се однесува на сите квалитети кои можат да бидат уникатни за музиката на Келтите. Многу значајни келтски музичари, како што се Алан Стивил и Пади Молони, тврдат дека различните келтски музички жанрови имаат многу заедничко. Следните мелодиски одлики се широко распространети низ различните варијанти на келтската музика: ![]()
Овие два последни начини на употреба може едноставно да бидат остатоци од порано распространети мелодиски практики. Често, терминот Келтска музика со однесува на ирската и шкотската музика, бидејќи од двете земји се развиле два зассебни музички стилови кои всушност имаат вистинска сличност и јасни взаемни влијанија. Дефиницијата дополнително ја комплицира фактот што ирската независност дозволи Ирска да ја промовира „келтската“ музика како конкретно ирски производ. Сепак, ова се модерни географски наводи за луѓе кои имаат заедничко келтско потекло и, следствено, заедничко музичко наследство. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia