Кесариј АрлскиКесариј Арлски, познат и како Свети Кесариј од Шалон (латински: Caesarius Arelatensis, 468/470 - 27 август 542) - католички светец, архиепископ и проповедник. ТворештвоКесариј бил истакната црковна личност во раниот среден век, организатор на монаштвото, архиепископ и проповедник во Прованса.[1] Тој се смета за најзначајниот проповедник на својата генерација во Галија.[2][3][4] Тој се смета за еден од последните големи црковни водачи припадник на својата генерација кој ги промовирал аскетските елементи во западната христијанска традиција.[5] Кесариј пишувал кратки проповеди кои траеле најмногу половина час, а чија содржина била многу едноставна и која најчесто се однесува на една или две личности, а многу ретко на неколку.[6] Имајќи предвид дека им се обраќал на необразованите селани од Јужна Галија, во своите проповеди Кесариј често правел споредби со селскиот живот. Така, во една проповед, тој рекол: „Ние мораме да се грижиме за душата така како што ги обработуваме своите полиња“, а една своја проповед за завршил со зборовите: „Би било убаво да поразговараме уште за светиот Јосиф, но поради сиромашните, кои брзаат по својата работа, подобро е тоа да го одложиме за утре“. Во друга прилика, одговарајќи на оправданието на некои селани дека не можат да ја слушаат божјата реч затоа што се зафатени со селските работи, Кесариј ги прашал зошто не можат да го сфатат учењето на Христос, а ги знаат и ги пеат „валканите“ и срамни љубовни песни? Притоа, тој вели дека постојат два вида полиња - полето господово (душата човечка) и човечкото поле и потоа детаљно ја разработува оваа паралела со селската работа, тврдејќи дека човекот не смее за ја обработува земјата, а да заборави на спасот на душата. Во друга проповед, објаснувајќи им на селаните дека треба да се воздржуваат од сексуални односи со своите жени, тој ги потсетил дека никој од нив не го обработува и не го сее истото поле неколкупати годишно. Всушност, во своите проповеди, Кесариј се држи до општите теми, но постојано се повикува на очигледните примери земени од животот. Еднаш, Кесариј изјавил: „Кога го изложувам Светото Писмо онака како што тоа го правеле светите татковци, таа храна им служи само на малиот број учени луѓе, а останатата народна маса останува гладна. Затоа, ве молам, вашиот учен слух благонаклоно нека ги поднесе селските зборови за стадото божје да може да ја добие духовната храна на прост и вулгарен јазик...“[7] ![]() Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia